4 впечатливи фризури за слаба и тенка коса

Природно тенката коса мора да биде средена така што ќе оддава впечаток на поголем волумен и ќе изгледа побујна отколку што реално е. За да се постигне таков ефект мора да се совладаат неколку основни чекори и техники, за да добиете пополн изглед на вашата фризура. Погледнете ги овие предлози и изберете го тоа што најмногу ви прилега:

1. Закосена лоб фризура

4 ефективни фризури за слабата и тенка коса

Ова всушност е долг боб, обликуван со неколку коси степени, кои ќе додадат волумен и форма дури и на најтенката коса. Доколку се охрабрите за шишки и повеќе степени, тогаш максималниот ефект е постигнат и фризурата изгледа прекрасно.

2. Долго и слоевито

Доколку имате долга коса без волумен, наредниот пат замолете го фризерот да даде повеќе форма и текстура, со тоа што ќе создава тенки слоеви. Освен што косата ќе добие повеќе волумен, ќе имате впечаток дека ви „симнале“ голема тежина од главата.

3. Разбушавена боб фризура

4 ефективни фризури за слабата и тенка коса

Боб фризурата е една од најпопуларните на сите времиња и секогаш е во тренд. Но, ако имате тенка коса, подобро е да примените разбушавен боб со асиметрично засекување, кој потоа ќе го обликувате со помош на виткачи и пена за коса.

4. „Свег“ фризура

4 ефективни фризури за слабата и тенка коса

Долга коса со разбушавени слоеви и долги шишки кои или се насочени кон една страна или се поделени на пола по должина на патецот, оставајќи притоа мали перчиња да паѓаат врз челото. Во овој случај шишките се тие кои додаваат волумен на целокупниот изглед. Дополнително, обликувајте неколку од површинските прамени во локни.

Прочитајте ги и овие 10 начини кои ќе ви помогнат за кратко да ја поправите вашата фризура.

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар