Самоуверени и тврдоглави: Припадничките на овој хороскопски знак сакаат лудо и страсно

Самоуверени и тврдоглави: Припадничките на овој хороскопски знак сакаат лудо и страсно

Ќе ги препознаете по нивното карактеристично гласно смеење, по убавата насмевка, по самодовербата која зрачи од нив. Тие се привлечни, страсни, полни со живот, а за нив се верува дека се хороскопски знак кој најлудо и најстрасно се вљубува и сака. Претпоставивте за кого се работи? Секако, тоа се жените родени во знакот Лав. Еве какви се тие во односите со луѓето…

Припадничките на овој хороскопски знак сакаат лудо и страствено

Врски

Независната и индивидуална припадничка на знакот Лав сака партнер со кој ќе ги дели истите карактеристики. Нејзе не ѝ треба некој што ќе се грижи за неа, туку маж што ќе ѝ дозволи да се покаже со целата своја сила. Сака динамика и забава во врската, но рутината може нагло да ја оддалечи.

Секс

За Лавицата може да се каже дека е еден од сексуално најотворените знаци во хороскопот. Таа знае како да ја искористи моќта и подвижноста на телото, а за време на сексот секогаш е самоуверена во она што го прави. Разбира дека сексот е природен дел од животот, а во него внесува и имагинација и креативност.

Припадничките на овој хороскопски знак сакаат лудо и страствено

Пријателства

Благодарение на енергијата што ја носат, топлата личност и ентузијазмот, Лавиците привлекуваат луѓе околу себе, дури и такви со кои никогаш не би биле пријатели. Меѓу нив може да има и многу обожаватели. Таа е великодушна и сака да вложува во вистинските пријателства.

Изглед и стил

Косата е секогаш нескротлива и веднаш воочлива, има изразени црти на лицето, големи очи, поглед со искра, широко чело, по малку чпртав нос и мали уши. Нејзината коса е нејзина најголема гордост. Природната боја е нијанса на руса или на црвена. Висока е, со цврсто тело, истакнати коски и аристократско држење. Секогаш изгледа гордо и урамнотежено. Облеката ја избира така што ќе одговара на нејзината огнена природа.

Со жена Лав секогаш ќе бидете сигурни дали ѝ се допаѓате или не, затоа што таа не чувствува потреба да прикрива или да лаже за чувствата. Со неа секогаш ситуацијата ќе биде повеќе од јасна, затоа што е навикната да игра чиста игра, без заобиколувања. Нејзиниот карактер доаѓа од огнената природа на знакот, па затоа е подобро да ја прифатите и да не се обидувате да ја смените. Ако не го можете тоа, запрашајте се дали воопшто сакате да бидете во каков било однос со таква личност?

Прочитајте ги и овие 10 стереотипи за лавовите кои не се вистинити.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар