4 видови нереди кои ви го загорчуваат животот

Овие видови нереди влијаат многу негативно на енергијата во домот како и врз вашиот ментален мир. Брзиот живот, многуте обврски и недоволно развиените навики за уредност кај некои членови од семејството може да доведат до создавање неред во домот. Од друга страна пак, празниот дом без детали и спомени кој е беспрекорно среден не го претставува она топло гнездо во кое сите сакаме да се опуштиме по напорниот ден. Токму затоа е потребно да направите баланс, а за тоа можат да ви помогнат следниве неколку совети…

4 видови нереди кои ви го загорчуваат животот

1. Работи кои не ги употребувате или не ги сакате. Сите оние нешта кои сте ги заборавиле, не ги сакате веќе или не ги употребувате можат да доведат до забавување и стагнација на енергијата во вашиот дом. Токму затоа ви се појавува чувство како вашиот живот да стои во место. Овој неред ја црпи енергијата, па доколку ги фрлите сите оние нешта кои повеќе немаат значење или важност во вашиот живот вие ќе се чувствувате физички, психички и духовно полесни.

2. Работи кои се неуредни или неорганизирани. Дури и доколку ги поседувате само оние нешта кои ги употребувате и сакате, вашиот дом ќе биде пренатрупан ако тие се расфрлани насекаде. Уште полошо е кога ви се потребни, но во целиот хаос не можете да ги најдете. Вашиот дом ја отсликува вашата душа, па токму затоа треба да го одржувате во ред. Не мора тој да е претерано среден, но секое нешто треба да има свое место, кое е лесно достапно и кое не изгледа неуредно.

3. Премногу работи во премал простор. Колку повеќе го трупате вашиот животен простор, толку помалку место останува за протокот на енергијата. Со овој вид неред вие може сè повеќе да имате чувство како да не можете да дишете.

4. Сè што е почнато, но не е завршено. Овој облик на неред е многу тешко да се забележи и многу лесно се игнорира, но неговите последици се големи. Сите оние нешта кои се недовршени, без разлика дали се физички, емоционални или духовни, предизвикуваат неред кој влијае врз вашата психа. Доколку сте склони да оставате недовршени работи, тогаш тоа може да биде знак дека не само што имате константен недостаток на енергија, туку и дека тешко се носите со некои непријатни прашања во приватниот живот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар