4 точки за масажа на вашето тело што ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот килограми

4 точки за масажа на вашето тело што ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот килограми

Ако се придржувате до оваа рутина, вашиот метаболизам ќе се забрза. Како резултат на тоа, ќе станете многу енергични во текот на денот, притоа елиминирајќи ги побрзо сите маснотии во вашето тело. Истовремено ќе се прекине и нивната акумулација. Ќе почнете да го контролирате својот апетит и ќе создадете нов, здрав начин на живот.

Акупунктурата и акупресурата се комплексни медицински техники што веќе илјадници години им помагаат на луѓето да се ослободат од здравствените проблеми. На кратко, логиката е во тоа дека секој орган во нашето тело е директно поврзан со одредени точки на телото, преку енергетски канали. Па, ако сакате да ја подобрите работата на некои од внатрешните органи, потребно е само да пронајдете одредена точка и редовно да ја масирате.

1. Точка на увото

Масирањето на оваа точка го забрзува метаболизмот, што допринесува за губење на тежината во сите делови од телото. Треба да ја масирате со палец околу 3 минути дневно, 3 пати на денот, со ист притисок на увото. По масажата ќе забележите дека во вашето тело има многу повеќе енергија. Исто така, помага при отстранување на непријатните симптоми како умор на рацете, нозете, рамената и стапалата.

2. Точка на лицето

Оваа точка се наоѓа точно помеѓу носот и горната усна. Потребно е да ја стимулирате два пати дневно, по 5 минути. Таква масажа помага да го контролирате чувството на глад и нервоза. Ако се прејадувате за време на стрес, оваа вежба е посебно добра за вас.

3. Точка на раката

Ова е клучна точка на телото, низ која поминуваат сите меридијани на вашата енергија. Масирајќи ја, го ослободувате телото од вишокот телесна топлина и допринесувате за подобрување на работата на цревата. Ја масирате оваа точка 1 минута, 2-3 пати дневно.

4. Точка на ногата

Оваа точка е најкористената во акупунктурата. Се нарекува Зу Сан Ли. Таа не само што ја подобрува дигестијата, туку помага и во намалување на воспалителните процеси во целото тело. Ја нарекуваат точката на долговечноста или точката што се бори против 100-тина болести. Таа се наоѓа веднаш под чашката на коленото. Масирајте ја 9 пати со кружни движења во насоката на часовникот, наизмечно (9 пати на едната, 9 пати на другата нога). Правете го тоа 10 минути вкупно. Но, немојте да ја масирате веднаш пред спиење, бидејќи можете да предизвикате несоница. Исто така имајте малку ум дека оваа точка предизвикува мала непријатност, понекогаш дури и болка, но тоа е сосема нормално.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар