Новиот живот на мало глувче што било спасено од устата на мачка

Новиот живот на мало глувче што било спасено од устата на мачка

Во првите неколку денови од неговиот живот, Фридолин не го доживеал светот онака како што едно глувче би сакало. Уште пред да може да ги отвори очите, тој и неговата мајка се нашле во устата на мачка. Додека неговата мајка не го преживеала нападот, ова глувче паднало од устата на мачката и се нашло на подот. За среќа, едно дете видео што се случило и брзо го спасило Фридолин. Од тој ден, нештата многу се смениле за ова глувче. Топло семејство полно со љубов го посвоило и му дало втора шанса за живот…

Фотографката Хана Асил имала можност да го фотографира два пати. Еднаш, уште пред да може да гледа, а вториот пат кога веќе пораснало. Понекогаш животот ни дава втора шанса и Фридолин ни покажува дека зависи од нас дали и како ќе ја искористиме. Бидете како Фридолин и уживајте во малите нешта во животот и секогаш застанувајте да ги помирисате цвеќињата покрај патот!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар