4 основни правила за постење

Постењето не е гладување, туку намалено консумирање „тешка“ храна со цел телото да се ослободи од токсините. Понекогаш, доколку има потреба, постењето може да помогне и во ослободувањето од вишокот килограми. Лесната исхрана ги ублажува проблемите со варењето, ја подобрува менталната состојба и спречува многу болести. Доколку сакате да му дадете шанса на постењето, добро е да ги следите овие правила.

4 основни правила за постење

1. За време на постењето се консумираат течности – вода, чорба од зеленчук, сокови од овошје и зеленчук, незасладени чаеви… Во текот на овие денови потребно е да се откажете од сè што му штети на организмот, како никотин, алкохол, благо, кафе, па дури и лекови, освен ако се неопходни.

2. За полесно да го поднесете постењето, потребно е, доколку можете, да бидете сами и да направите пауза од рокови, електронски пораки, следење вести и слично. Изолирајте се од негативните нешта и гледајте го постењето како период во кој треба да се соочите со самите себе. Препуштете му се на внатрешното водство, слушајте ја вашата интуиција и дозволете му на внатрешниот глас да ве води.

3. Правете сè што е добро за вашето тело и слушајте што тоа бара од вас. Кога сте исцрпени, спијте, а кога сакате да се движите, пешачете, слушајте музика, читајте или најдете некое хоби.

4. Потребно е да го поттикнете прочистувањето на телото. Односно, редовно празнете ги цревата, чистете ги бубрезите, потете се и негувајте ја кожата со билни масла.

Погледнете што му прави 3-дневниот пост на човечкото тело.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар