4 нешта на коишто треба да се сетите кога ќе се посомневате во себе

Животот е навистина неверојатен. Понекогаш ви дава можности за остварување на вашите цели и соништа, но понекогаш едноставно ве тера да верувате дека не сте доволно добри за што било. Пред да помислите дека откажувањето е единственото решение, потребно е да се сетите на овие 4 нешта.

4 нешта на коишто треба да се сетите кога ќе се посомневате во себе

1. Не сте се мачеле толку долго за да се откажете сега

Веќе сте работеле премногу напорно. Дали навистина ќе ги фрлите во вода сите непроспиени ноќи, целиот труд и напорната работа веднаш штом се соочите со тешкотии? Кога се движите кон вашата цел, нормално е да налетувате на пречки. Запомнете дека проблемите се само дел од развојот на настаните. Тие се можности, често прикриени како тешкотии. Надминете ги и наградата ќе ви биде уште послатка. Успехот е многу поблиску отколку што мислите.

2. Го заслужувате она што сакате да го постигнете

Понекогаш мислиме дека нашите цели се поголеми од нас. Така и треба да биде. Дали тие прават да бидете возбудени и полни со страст? Уште поважно, дали го правите она што е потребно за да ги направите реалност? Ако вашиот одговор е да, тогаш ги заслужувате. Никогаш не дозволувајте некој да ве натера да помислите нешто друго. Никој не може да ве ограничи, ни луѓето околу вас, ни општеството.

3. Вашиот најдобар критичар сте вие

Понекогаш е нормално да чувствувате притисок од луѓето околу вас или од самата ситуација во која сте се нашле. Но, вистината е дека притисокот доаѓа поради вашето верување дека не ги достигнувате очекувањата што сте си ги поставиле самите. Сомневањето во себе оди заедно со претераното размислување и претераната грижа. Се грижите што би помислиле другите, дали сте доволно добри, дали испуштате некоја шанса… Кога сте во 20-тите, притисокот да постигнете нешто значајно е најголем. Мислите дека времето одминува, а вие сè уште ја немате кариерата од соништата. Време е да престанете со ова. Едноставно си создавате премногу притисок. Престанете со непотребното страдање од грижите за тоа што би тргнало наопаку и бидете возбудени за она што би излегло како што треба.

4. Бидете трпеливи, веќе го давате најдоброто од себе

Постојат денови кога без разлика колку напорно и паметно работите, сметате дека не е доволно. Но, одморете и погледнете го вашиот напредок. Можеби го немате целото знаење и сите вештини што ви се потребни, можеби уште не сте ги постигнале целите и не сте станале личноста којашто сакате да бидете. Но, ќе се подобрите. Ќе станете одлични. Ќе бидете најдобри во она што го работите бидејќи сте вложиле многу.

Постојат толку многу нешта што чекаат да се случат во вашиот живот, па зошто да го минувате во сомнеж и фрустрација? Секој ден е посебен. Не чекајте го вистинското време. Не чекајте да бидете подготвени. Никој нема да инвестира во вашето созревање освен вие самите. Да бидете најдобрата верзија од себе не значи да се фокусирате само на најдоброто, туку едноставно да се фокусирате на себе.

Дознајте и кои се стратегиите за успех на ментално силните луѓе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар