4 нешта кои силните жени никогаш не ги прават за да го привлечат вниманието на партнерот

Постојат различни видови љубовни врски и сигурни сме дека би се согласиле со нас дека нема универзално правилни или погрешни начини на кои можете да ја водите вашата. Имајќи го тоа на ум, постојат неколку видови лоши однесувања што имаат моќ на секоја врска да ѝ донесат крај. За да го избегнете тоа, обидете се да откриете дали и вие се однесувате на овој начин, макар несвесно, и обидете се да го промените тоа доколку сакате да ја задржите љубовта во вашата врска.

4 нешта кои силните жени никогаш не ги прават за да го привлечат вниманието на партнерот

1. Губење контрола над своите емоции

Секоја врска поминува низ моменти каде што едната страна се чувствува емоционално вознемирено. Без разлика што ве потсетило на некое минато лошо искуство, вашиот мозок дури и без да сака ќе ве натера да реагирате – вербално и/или физички. Можеби одеднаш ќе се почувствувате исплашено и ранливо поради губење на мината љубов, па реагирате агресивно со цел да го зачувате чувството на поврзаност. Но, имајте на ум дека доколку вашиот партнер не знае што ви поминува низ главата, нема да знае ни како да ви помогне да го решите проблемот.

2. Муртење кога нештата не одат по ваша замисла

Муртењето вклучува повлечен и тивок протест во врската кој се надевате дека вашиот партнер ќе го забележи без да мора да му кажете како се чувствувате и потоа едноставно магично ќе ги задоволи вашите потреби. Ова е еден вид пасивно агресивно однесување кое е начин на преземање контрола во врската. Ова однесување, на долг рок, никогаш нема да доведе до развивање конструктивни начини на комуникација и решавање на проблемите. Тоа служи само за задржување на љубовта сè додека не се достигнат бараните барања и услови.

3. Вртење на другата страна

Вие едноставно го избегнувате контактот со очите и не сакате ни да се потрудите да му одговорите со реченица која содржи повеќе од еден збор. На овој начин вие можеби го заштитувате вашето его, но на долг рок ѝ правите огромна штета на врската. Овој вид лутење води кон избегнување интимни интеракции со вашиот партнер на подолго време, а со тоа и создавање фрустрации кои можат да доведат до крај, а реално можеле да се решат со само еден отворен и искрен разговор.

4. Зборување лошо за вашиот партнер

Како и со останатите однесувања на оваа листа, така и жалењето од вашиот партнер на пријателите нема да ви ги реши проблемите, туку само ќе ви даде еден вид драма која ќе ве смести во центарот на настаните, притоа хранејќи го проблемот уште повеќе. Вие се насочувате кон другите бидејќи сакате тие да се согласат со вас и да ја заземат вашата страна, дури и ако некаде длабоко во себе знаете дека сте згрешиле. Толку многу сакате да бидете во право, што ќе направите сè за да го потврдите вашиот став. Сè освен директно да разговарате со вашиот партнер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар