4 неразумни причини поради кои жените ги напуштаат мажите

4 неразумни причини поради кои жените ги напуштаат или пропуштаат добрите мажи

Експертите за врски откриваат четири причини поради кои жените ги напуштаат мажите барајќи подобар или пак ги пропуштат потенцијално добрите партнери не дозволувајќи им на овие да им се приближат. Ова се тие четири причини.

Talk to the hand

1. Неговата работа

Иако девојките честопати сонуваат да најдат маж кој има добра работа и е успешен, на крај пак се вљубуваат и завршуваат со некој кој е комплетна спротивност на нивната мечта. Тоа значи дека можеби тие никогаш и не посакувале успешен маж плашејќи се дека тој нема да биде доволно посветен на врската и на нив или дека тие нема да бидат доволно добри за него. Од друга страна, најважната работа која една девојка би требало да ја бара кај еден маж е неговата амбиција, а не моменталното работно место затоа што никој не останува вечно на истата позиција.

2. Неговата возраст

Дел од жените немаат проблем да излегуваат со доста постар маж, но речиси никоја од нив не сака да се гледа со помлад. Факт е дека мажите созреваат побавно од жените, но факт е и дека годините не се гаранција за зрелоста кај еден човек. Помладиот маж не е полош партнер од постариот заради тоа што подоцна се родил. Иако тоа е стереотип кој веќе полека се напушта, сè уште е причина поради која жените пропуштаат некои одлични партнери.

3. Неговата добрина

Иако девојките велат дека мечтаат за фини момчиња, многу полесно паѓаат на оние кои не се такви. Не е сосема јасно како и зошто, но добрината може да биде причина за девојката да гледа на момчето како на некој кој е помалку атрактивен од другите. Сметаат дека финиот е подобар човек, но пак го оставаат поради некој сосема поинаков.

4. Неговата висина

Девојките сакаат да се чувствуваат заштитено, а така најчесто се чувствуваат покрај високите мажи. Иако и ниските можат подеднакво добро или подобро да ја штитат и да бидат добри кон неа, таа може пак да го остави барајќи некој повисок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар