37 прашања што секоја жена треба да му ги постави на девојчето во себе

37 прашања што секоја жена треба да му ги постави на девојчето во себе

Дали со текот на времето сте заборавиле на вашите соништа и фантазии од детството? Со овие 37 прашања, повторно ќе ги откриете желбите на девојчето во вас.

37 прашања што секоја жена треба да му ги постави на девојчето во себе

1. Се сеќавате ли за што сте сонувале како малечки?

2. Дали денес го живеете животот што отсекогаш сте го посакувале?

3. Дали изгледате онака како што сте претпоставувале дека ќе изгледате?

4. Кој ве опкружува? Дали се тоа луѓето за кои сте мислеле дека ќе бидат со вас?

5. Дали ја работите работата за којашто сте верувале дека ќе ве направи среќни?

6. Дали ја сакате личноста за која сте мислеле дека ќе ја сакате засекогаш?

7. Дали живеете во градот во којшто сакате? Дали имате деца? По кој сте ги крстиле?

8. На кој ве потсетува вашето секојдневие?

9. Дали сте им простиле на вашите родители? Дали сте излегле попаметни од нив?

10. Имате ли дом или семејство за коишто сте сонувале, или титули за коишто сте подготвувале говори?

11. Знаете ли да ги направите омилените колачи?

12. Имате ли куче кое ви значи живот?

13. Дали сте отишле на часови по танцување? Дали сте научиле странски јазик?

14. Дали сте се вљубиле на море и дали сте преспале на плажа?

15. Дали сте отишле на кампување? Планинарење? Скијање, уметничко лизгање?

16. Дали го мразите снегот бидејќи создава метеж, или сè уште му се радувате?

17. Дали насекаде носите чадор за да не ја растурите вашата фризура?

18. Што се случило со девојчето кое правело накит, кое учело да везе и кое гледало како се прави зимница?

19. Дали ве нервираат гласните деца пред зграда, дури и покрај тоа што некогаш вие сте биле најгласни?

20. Дали сте станале балерина? Дали сте научиле да свирите клавир?

21. Кого сте одлучиле да љубите и за кого живеете денес?

22. Дали сè уште се шминкате со неколкуте сенки што ги имате, или денес посетувате професионалец?

23. Дали правите фотографии? Дали имате албум со фотографии, или ги чувате сеќавањата во електронска форма?

24. Дали сè уште мислите дека немате убави нозе, или денес гордо носите здолништа?

25. Кои се вашите вистински пријатели денес?

26. Со кого можете да разговарате за вашите соништа, ако воопшто ги имате?

27. Дали верувате во самовили? Дали верувате во магијата на новогодишните празници?

28. Дали го украсувате домот или сето тоа ви е бесмислено?

29. Дали водата од морето денес ви е премногу студена, топла, солена или што било, иако некогаш сте сонувале за море?

30. Дали му дозволувате момчето да ве држи за рака додека одите по улица, или ова сè уште е само фантазија?

31. Дали сте престанале да сликате бидејќи некој ви рекол дека вашите дела не вредат?

32. Дали повеќе не пеете бидејќи сте поверувале дека немате талент?

33. Со кого се сложувате најдобро, а со задоволство би му ја кажале вистината во лице?

34. Каде се вашите соништа? Каде е тоа девојче?

35. Каква е вашата сегашна реалност?

36. Би се осмелиле ли да ја погледнете малата верзија од себеси и да ѝ одговорите на некои од овие прашања?

37. Дали би ѝ кажале што сте станале? Дали би објасниле зошто некогаш важните нешта, денес се целосно заборавени?

Дознајте и како повторно да се поврзете со вашето внатрешно дете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар