3 совети за декорација коишто празниот ѕид го претвораат во најинтересен дел од вашиот дом

Потребни ви се идеи за декорирање на ѕидовите? Тие не мора да бидат празни, бледи и досадни. Можете да ги украсите и претворите во прекрасни автентични ремек-дела! Во продолжение ќе ви претставиме неколку совети што ќе ви помогнат да го реализирате овој „проект“.

Најдобриот дел од декорирањето на ѕидовите е тоа што е лесна постапка и не мора да биде скапа, а ќе донесе свежина и разиграност во домашниот простор. На овој начин можете да го оживеете секој ѕид во која било просторија со помош на галерии, а при уредувања на тие квадрати можете да ги следите неколкуте совети што ќе ви ги кажеме за да имате подобри резултати.

1. Почеток

Додека ги разгледувате понудите во продавниците во потрага по реквизити, имајте на ум 3 работи: големината на ѕидот што сакате да го уредите, големината на предметите што сакате да ги закачите и шема на боите. Боите нека бидат во согласност со вашиот дом, а додека се одлучувате, одлучете се за она што го сакате.

2. Одбирање на основни предмети

Најдобар начин за да започнете со правење ѕидни галерии е кога ќе одберете основен предмет – парче што ќе се истакнува од останатите. Тој не мора да биде во средината на ѕидот, но треба да биде предмет којшто ќе го привлекува вниманието повеќе од другите предмети. Основниот предмет може да биде некое занимливо огледало, некој натпис, ѕиден тапет односно што било коешто ќе се истакнува според вашиот вкус. Откако ќе го смислите основниот предмет почнете да ги одбирате останатите парчиња во зависност од големината на просторот којшто го имате на располагање. Внимавајте тие предмети да бидат складни со основното парче и да го надополнуваат.

3. Уредување

Откако ќе ги изберете сите предмети за вашиот ѕид, обликот од секој од нив можете да го исечете од хартија и тие исечени облици да ги сложите на вашиот под или маса и да ги распоредите како што ви одговара најмногу. После тоа вашите идеи претворете ги во дело и закачете ги предметите на вашиот ѕид.

Бескрајни можности

Ѕидовите со галерија се наједноставен начин да внесете бои и мостри во вашиот дом. Љубителите на уметноста имаат можност на едно место да ги покажат своите дела, ја „убиваат“ досадата на големите празни ѕидови и се една одлична прилика секоја личност да ја покаже својата индивидуалност во сопствениот дом. На нив можете да ставите уметнички дела, но и фотографии како и други различни предмети. Можностите се бескрајни, а со малку повеќе вложен труд вашиот ѕид ќе стане најкреативен и најинтересен дел од вашиот стан или куќа.

Ако сте во потрага по инспирација, погледнете ги следниве фотографии на ѕидови чиишто сопственици ги претвориле во галерии.

Погледнете ги овие генијални начини за искористување на шолјите за кафе како декорација во домот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар