7 генијални начини на кои можете да ги искористите шолјите за кафе како декорација во домот

Доколку купивте нови шолји за кафе, а мислите дека старите повеќе не ви се потребни, тогаш се лажете! Наместо да ги фрлите или пак, да ги ставите во некоја фиока и целосно да заборавите на нив, можете да ги искористите како сјајна декорација за вашиот дом. Затоа ви предложуваме да ги погледнете овие 7 феноменални идеи и да го украсите вашиот дом со еден необичен, оригинален детаљ.

1-7-sjajni-nachini-na-koi-mozhete-da-gi-iskoristite-sholjite-za-kafe-kako-dekoracija-na-vashiot-dom-www.kafepazua.mk_

1. Доколку ги свртите шолјите наопаку и ги наредите една врз друга со помош на чинии, ќе добиете несекојдневен држач за колачи каков што нема никаде да се купи. Вака наредените шолји може да послужат и како интересен свеќник!

2-7-sjajni-nachini-na-koi-mozhete-da-gi-iskoristite-sholjite-za-kafe-kako-dekoracija-na-vashiot-dom-www.kafepazua.mk_

3-7-sjajni-nachini-na-koi-mozhete-da-gi-iskoristite-sholjite-za-kafe-kako-dekoracija-na-vashiot-dom-www.kafepazua.mk_

2. Доколку сте вешти со топење восок за свеќи, тогаш можете да направите уште една варијанта на свеќник. Сè што е потребно е шолјата да ја наполните со восок. Доколку нејзиниот дизајн е романтичен, свеќникот ќе изгледа нежно, додека модерните облици ќе бидат идеални за оние кои го сакаат таквиот стил.

4-7-sjajni-nachini-na-koi-mozhete-da-gi-iskoristite-sholjite-za-kafe-kako-dekoracija-na-vashiot-dom-www.kafepazua.mk_ 5-7-sjajni-nachini-na-koi-mozhete-da-gi-iskoristite-sholjite-za-kafe-kako-dekoracija-na-vashiot-dom-www.kafepazua.mk_

3. Многу девојки и жени не знаат каде да го чуваат својот накит, но шолјите за кафе и тука можат да ви помогнат. Оваа декорација е секако поинтересно од која било друга.

6-7-sjajni-nachini-na-koi-mozhete-da-gi-iskoristite-sholjite-za-kafe-kako-dekoracija-na-vashiot-dom-www.kafepazua.mk_ 7-7-sjajni-nachini-na-koi-mozhete-da-gi-iskoristite-sholjite-za-kafe-kako-dekoracija-na-vashiot-dom-www.kafepazua.mk_ - Copy

4. Сите оние кои сакаат да шијат, може да ја искористат шолјата за кафе како идеален држач за перничето за игли.

8-7-sjajni-nachini-na-koi-mozhete-da-gi-iskoristite-sholjite-za-kafe-kako-dekoracija-na-vashiot-dom-www.kafepazua.mk_ 9-7-sjajni-nachini-na-koi-mozhete-da-gi-iskoristite-sholjite-za-kafe-kako-dekoracija-na-vashiot-dom-www.kafepazua.mk_ - Copy

5. Доколку сте доволно вешти и имате доста цврсто лепило, можете да ги искористите и за да направите ѕиден часовник, кој ретко може да се види на некое друго место.

10-7-sjajni-nachini-na-koi-mozhete-da-gi-iskoristite-sholjite-za-kafe-kako-dekoracija-na-vashiot-dom-www.kafepazua.mk_

6. Симпатичните, мали билки не мора секогаш да стојат во саксии. И во оваа прилика искористете ги шолјите за кафе како замена за саксиите кои веруваме дека совршено ќе се вклопат во вашата кујна.

12-7-sjajni-nachini-na-koi-mozhete-da-gi-iskoristite-sholjite-za-kafe-kako-dekoracija-na-vashiot-dom-www.kafepazua.mk_ 11-7-sjajni-nachini-na-koi-mozhete-da-gi-iskoristite-sholjite-za-kafe-kako-dekoracija-na-vashiot-dom-www.kafepazua.mk_

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар