3 рецепти за најдобрите антицелулитни третмани

Пилинзите кои се состојат од абразивни состојки како морска сол, кафеав шеќер и кафе се најдобрите пријатели на мазното тело без целулит. Тие ја чистат кожата од мртвите клетки, ја подобруваат циркулацијата и го намалуваат непосакуваниот ефект на кора од портокал на задникот и бутовите.

3-recepti-za-najdobrite-anticelulitni-tretmani-kafepauza.mk

Пред вас се 3 рецепти за пилинг кои можат да ви помогнат во борбата со целулитот, а сите можете лесно да ги подготвите сами дома.

1. Паста од морска сол и кафеав шеќер

Направете паста од 1 шолја кафеав шеќер, 1 шолја морска сол, сок од еден лимон, неколку кафени лажички маслиново масло и 2 лажици мед. Втријте ја пастата на критичните делови на делото и масирајте со кружни движења. Оставете ја пастата да отстои 5 минути па измијте ја од телото со ладна вода.

2. Паста од кафе и шеќер

Измешајте ½ шолја крупно мелено кафе со малку маслиново масло и 3 лажици шеќер додека не добиете хомогена паста. Со неа истријте ја непосакуваната кора од портокал на телото. Ако сакате да постигнете дополнителен ефект, пастата тријте ја со помош на абразивен сунѓер за тело кој ќе ја подобри циркулацијата на крвта под кожата.

3. Паста од алги и маслиново масло

Помешајте 3 лажици иситнети алги со малку морска сол и ¼ шолја маслиново масло додека не добиете хомогена смеса. Нанесете ја оваа паста на местата зафатени со целулит и масирајте со кружни движења неколку минути. Пастата ќе делува подобро доколку претходно ги отворите порите со топол туш, а после третманот измијте ја пастата со ладна вода.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар