3 причини зошто оженетите мажи им се попривлечни на жените од слободните

3 причини зошто оженетите мажи им се попривлечни на жените од слободните

Голем број експерти за љубов и врски одамна тврделе дека оженетите мажи или мажите во сериозни врска имаат „нешто посебно“ што ги прави многу попривлечни за жените од останатите. Токму тоа и било докажано од страна на една студија спроведена на Универзитетот Оклахома.

За потребите на истражувањето, биле собрани две групи студенти на кои им била покажувана фотографија од еден маж. Во едната група истражувачите кажале дека мажот е зафатен, а во втората група дека е сингл. Онаму каде што било кажано дека тој е зафатен, се заинтересирале неверојатни 90% од испитаниците, додека пак во групата каде што било кажано дека е сингл – 59%.

Резултатите покажале дека нивниот избор не бил сведен само на физичкиот изглед, туку и на неколку особини на оженетите мажи поради кои жените едноставно не можат да одолеат. Прочитајте кои се тие во продолжение…

1. Подготвени се за сериозна врска

Слободните жените кои бараат сериозна врска, најчесто налетуваат на куп несериозни мажи кои бараат забава за една ноќ. За разлика од нив, оженетиот маж со самиот свој статус покажува дека е заинтересиран за нешто повеќе. Токму затоа и жените се привлечени повеќе.

2. Прифаќаат одговорност

Иако бракот не е знак за сигурна одговорност, сепак статистиката е на страна на мажите што рекле „да“. Бројни истражувања потврдиле дека поголемиот дел од оженетите мажи се вработени и одговорни кога станува збор за нивното семејство. Иако тоа не е секогаш случајот, сепак оваа особина за жените што бараат врска е многу позитивна и привлечна.

3. Не се плашат да си ги покажат емоциите

Не е лесно да пронајдете маж кој ќе биде толку искрен и отворен со вас што нема да му биде проблем да си ги покаже вистинските емоции. Жените често имаат впечаток дека мажите во брак го прават токму тоа, па затоа и се привлечени од нив многу повеќе отколку од сингл мажите што даваат сè од себе за да ја скријат својата вистинска внатрешност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар