3 причини зошто мислењето на оваа личност е најважно за вашиот живот

Дали ви е тешко да донесувате одлуки или да внесувате промени во вашиот живот, без да барате потврда од луѓето околу вас? Ако одговорот е потврден, не грижете се, не сте сами. Несомнено, нашата постојана потреба за одобрување и желбата да се вклопиме во средината е голем дел од она што нè прави луѓе. Но, тука се наметнува прашањето – кога е потребно да се повлече линија и да живееме за остварување на личната среќа, а не за среќата на другите? Кое е точното време кога треба да се каже доста? Кога ќе дојде време за позитивна промена во вашиот живот, не заборавајте, вие сте задолжени за својата среќа во вашиот живот. Така што, само вашето мислење е важно. Зошто?

(1)-3 причини зашто мислењето на оваа личност е најважна за вашиот живот

1.Никој не ве познава подобро од вас

(2)-3 причини зашто мислењето на оваа личност е најважна за вашиот живот

Кога се обидуваме да направиме позитивна промена во нашите животи, често луѓето кои најмногу ни значат се најпроблематични по тоа прашање. Почнувајќи од вашето семејство и пријателите, секогаш ќе се најдат многумина кои тврдат дека ве познаваат подобро отколку вие што си се познавате. Секако, ако тие луѓе навистина ве познаваат, ќе сфатат дека вие знаете, а не тие, што е најдобро за вашиот живот. Доколку забележите дека луѓето кои ве сакаат не можат да бидат доволно силни да ве остават да си донесете сопствена одлука, тогаш вие сте тие кои треба да бидете доволно силни за сите останати и да пресечете. Грациозно отфрлете ги нивните мислења и следете ја сопствената интуиција. Верувајте во своите размислувања и постапки. Вие знаете што е најдобро за вас, само следете го внатрешниот глас.

2.Останатите ќе ве оценуваат врз основа на сопствената несигурност

(3)-3 причини зашто мислењето на оваа личност е најважна за вашиот живот

Кога луѓето нè проценуваат или пак, сакаат да ни наметнат свои мислења, тоа е најчесто одраз на нивната внатрешна несигурност. Многу луѓе често се двоумат да излезат од својата удобна зона, па кога ќе видат дека некој друг го прави тоа, се чувствуваат непријатно затоа што се присилени да подзастанат и да размислат за правците во кои одат нивните животи. Бидете внимателни со мислењата и ставовите кои се создаваат поради стравот – тие не се во ваш најдобар интерес и треба да ги занемарите.

3. Ваш живот, ваши правила

(5)-3 причини зашто мислењето на оваа личност е најважна за вашиот живот

Важно е да се биде внимателен и да се разберат туѓите ставови, но не повеќе од сопствените! „На коцка“ е сепак вашиот живот и вашата среќа. Луѓето околу вас може да ве осудуваат и да се противат на вашите ставови, иницијативи и избори, но на крајот секоја личност си е одговорна за сопствениот живот. Проверете дали вие си ја презедовте одговорноста за сопствената среќа. Кога станува збор за одлука или промена во вашиот живот, слушајте ја својата интуиција. Почнете да го живеете животот на свој начин. Резултатот ќе ве изненади.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар