3 љубовни грешки кои ги прават скоро сите девојки

3 љубовни грешки кои ги прават скоро сите девојки

Жените понекогаш имаат неверојатна способност несвесно да ги саботираат своите врски така што запаѓаат во 3 замки. Ова се случува поради тоа што некои од нив имаат научено уште како мали да ги задоволуваат потребите на другите, притоа занемарувајќи ги своите. Доколку научите како да ги избегнувате овие грешки во љубовните врски, тогаш многу брзо ќе го најдете совршениот партнер и нема да се мачите вртејќи се во круг со погрешниот.

3 љубовни грешки кои ги прават скоро сите девојки

Грешка #1 – Сте се откажале од себе

Многу често се случува жените во врска да се откажат од своите верувања, вредности и приоритети. Тоа се случува толку постепено, што дури не сте ни свесни за овој процес. Некаде помеѓу првиот состанок и изговореното „да“ вие сте го промениле својот став. Па, наместо да поминувате викенди со пријателите, како обично, останувате во вашиот дом со својот партнер. Наместо да одите на маникир, вие го подготвувате неговиот омилен ручек. Или пак, затоа што тој не сака риба, вие веќе не ја ни порачувате во ресторан.

Со ова однесување не правите никому добро и на некој начин покажувате дека немате почит кон себе. Некако со цел да покажете дека сте заљубени, вие сте се жртвувале себеси и целосно сте се изгубиле. Тоа значи и дека веќе не сте ни истата личност во која тој се заљубил, па токму затоа и тој, исто како вас, е збунет. Не сфаќајте погрешно, тој ги цени сите овие нешта кои ги правите за него, но тој никогаш не сакал да се жртвувате за него и да се претворите во друга личност. Секако, сите се менуваме, но не смееме да си дозволиме да се претвориме во нешто што не сме. Како што ќе се развива вашата врска, така обидете се и да се задржите себеси, вашиот став, карактер, па дури и оние ситни маани…

Грешка #2 – Посакувате маж кој нема чувства за вас

Кога се случува ова, жената се претвора во идеална барбика со цел да продолжи да го задржува неговото внимание. Но, овие нешта никогаш не завршуваат на добро. Доколку тој сака русокоси, таа ќе стане руса, доколку тој каже дека сака високи девојки, таа постојано ќе носи високи потпетици. И ова се случува до недоглед. Но, не смеете да западнете во овој затворен круг бидејќи потоа многу тешко ќе излезете од него. Бидете она што сте и доколку тој ве прифаќа како таква тогаш врската може да успее, но доколку не му се допаѓате, едноставно ставете крај и најдете личност која ќе ве цени онакви какви што навистина сте. Вашиот господин Совршен постои, ваше е само да го побарате.

Грешка #3 – Постојано работите на врската

Да, здравата љубовна врската бара работа и труд. Но, не толку многу. Доколку постојано се фокусирате на тоа дека треба да работите на врската, се расправате за тоа што и како би требало да биде, што тој не смее да прави, што вие мора да ветите и слично, тоа може само да ве измори и да ве стави на дистанца. Не треба постојано да трпите и да бидете жртва, туку само да ги оставите работите да се одвиваат по својот нормален тек. Не разговарајте за секоја ситница и секоја мала грешка, фокусирајте се само на најважното. Посветете се на себеси, негувајте го својот карактер и знаење, а некои работи задржете ги за себе.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар