3 древни филозофски совети коишто ќе ви помогнат да се справите со стресот

Стресот и анксиозноста се постојано присутни предизвици кои треба да ги надминете ако сакате да живеете среќен и успешен живот. Изгледа дека животот сепак бил доста стресен и пред илјадници години. Древните Грци, особено оние кои го прифатиле стоицизмот – филозофски правец основан од Зенон од Китион, имале безвремена мудрост за справување со стресот.

3 древни филозофски совети коишто ќе ви помогнат да се справите со стресот

Понекогаш нивото на практичност на стоицизмот погрешно се гледа како песимизам, но сепак нуди многу совети за справување со предизвиците со коишто се соочуваме и денес.

„Имате моќ над вашиот ум, не над надворешните настани. Сфатете го ова и ќе ја најдете силата.“ – Марко Аврелиј

Ова се трите древни совети кои ќе ви помогнат да се справите со стресот од секојдневниот живот.

1. Планирајте однапред

Планирањето однапред е едно од најмоќните стоички алатки за справување со стресот. Ова планирање вклучува визуализирање на иднината, обично на наредниот ден, и замислување на сите лоши нешта што можат да се случат. Ова е моќно бидејќи ги става работите во перспектива. Настојуваме да ги преувеличиме нештата во нашиот ум и да правиме да изгледаат полошо или поголемо отколку што навистина се. Кога ќе ги замислите најлошите можни сценарија, ќе се вратите на земјата и ќе сфатите дека сегашноста и не е толку лоша.

2. Практикувајте себе негирање

Ова е уште еден уникатен трик – намерно негирајте ги вашите основни модерни привилегии. На пример, стоиците ги прескокнувале оброците. Ова не само што ќе ви помогне да ја зголемите вашата самоконтрола, нешто што ви е потребно во речиси секој аспект од животот, туку ќе ве потсети и да го цените она што го имате. И ова ќе ви помогне реално да ги видите нештата што ви предизвикуваат анксиозност. Па, еден ден од неделата поминете го без вечера, не пијте кафе наутро или што било слично и зацврстете ја вашата волја. Потсетете се дека сепак и не сте во толку лоша ситуација.

3. Променете ја состојбата (однесувајте се како да не сте под стрес)

Иако звучи едноставно, овој совет постои долго пред науката да докаже дека говорот на телото и присилната насмевка всушност ја менуваат менталната состојба. Присилната насмевка може да ве направи посреќни, помалку анксиозни и со поголема самодоверба. Стоиците сфатиле дека кога искусуваме силна емоција или ментална состојба, како гнев или стрес, прифаќањето на нечие однесување што е спротивно може да ни помогне да ја промениме и нашата состојба. На пример, кога сте под стрес релаксирајте ги мускулите на лицето, вдишете длабоко неколку пати, забавете и правете нешто во коешто уживате. Ставете ги умот и телото на место кое сигнализира дека повеќе не паничите.

Пробајте ги и овие необични техники за справување со стресот.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Остави коментар