26 нешта што заслужувате да ги научите до вашата 26-та година

Кога ќе погледнете назад кон вашиот живот, ќе сфатите колку многу работи сте научиле. На чуден начин, животот ве учи на нешта за кои не сте ни биле свесни дека треба да ги знаете. Во продолжение погледнете кои се 26-те нешта што заслужувате да ги научите додека да наполните 26 години.

26 нешта што заслужувате да ги научите до вашата 26-та година

1. Ценете го фактот дека сите се движиме различно низ светот. Секој има разни факти кои влијаат на искуствата и на животот. Слушајте ги луѓето кои можеби имаат разни искуства од вас. Учете од нив.

2. Патувањето не секогаш ве прави подобра личност. Нема потреба да потрошите многу пари на патување за да бидете подобра личност. Прочитајте некоја книга, научете нов јазик, истражувајте го и разберете го политичкиот систем на вашата држава, волонтирајте и слично. И патувањето си има свои предности, но тоа не е единствениот начин да станете подобра личност.

3. Верувајте во вашата способност за преживување без разлика што некои луѓе си одат. Некои луѓе ќе си одат. Понекогаш на болен начин, понекогаш бидејќи ви се разделиле патиштата. Животот функционира на тој начин. Без разлика на околностите, важно е да верувате дека можете и без нив и дека туѓото присуство не ве дефинира. Во ред е да бидете гневни или тажни, но со текот на времето научете да заборававте.

4. Во тешките периоди повторно прочитајте ги омилените книги. Понекогаш нема ништо подобро од тоа да се потсетите на нешто што го сакате.

5. Не можете да контролирате што ви се случува, но можете да контролирате како ќе реагирате. Лошите нешта се случуваат постојано. Од голема важност е да научите да бидете емоционално отпорни додека да наполните 26 години.

6. Нема замена за напорната работа. Нека не ви е страв да работите напорно без разлика дали тоа е за вашата кариера, здравје, богатство, врски и слично.

7. Нема замена за времето за себе. Во ред е и да се опуштите. Во ред е да поминете цел викенд само за себе. Нема да изгори канцеларијата. Пораките ќе бидат одговорени. Ќе бидете поздрави. Пријателите ќе останат со вас дури и ако ви е потребно време за себе.

8. Вашите родители стареат. А ќе стареат повеќе и повеќе. Поминувајте време со нив.

9. Мамурлакот само ќе се влошува. Сепак е вистина дека мамурлакот станува вистински пекол со текот на годините.

10. Како изгледа здрава врска. Нема потреба да ги бркате оние кои не сакаат да бидат фатени. Нема потреба да се помирувате со однесување кое не ви се допаѓа. Нема потреба премногу да зависите од некој друг.

11. Во ред е да не сте онаму каде што сакате да бидете. Всушност, ова е навистина добро. Животот би бил многу здодевен ако постојано се наоѓате онаму каде што сакате. Ќе немате цел или нешто за коешто ќе се надевате.

12. Способност да созревате, но и да ја сакате личноста којашто сте сега. Можете да ги цените вашите почетоци и да ја сакате личноста којашто сте додека целите кон нешто подобро. Нема потреба да се промените од омраза. Не би можеле да станете личноста што сакате да бидете пред да бидете личноста којашто сте денес.

13. Слушајте и чекајте го вашиот ред за зборување. Ова ќе биде најдоброто нешто што можете да го направите за вашите врски, за себе и за овој свет.

14. Можно е да не се согласувате со пријателите, а сепак да ги поддржувате. Вашите пријатели ќе имаат врски со луѓе што не ги сакате, ќе прават избори со кои нема да се согласувате и ќе ги живеат нивните животи по нивно без разлика што мислите вие. Освен ако не станува збор за нивното општо добро, сакајте ги и поддржувајте ги во нивните одлуки.

15. Оставете го телефонот и бидете присутни. Инстаграм може да почека. Овој момент не.

16. Научете ги вашите слабости. Не сте совршени, човек сте. Во ред е да имате и слаби страни. Кога ќе ги воочите ќе ви биде полесно да го намалите нивниот ефект.

17. Научете ги вашите јаки страни. Важно е да знаете и во што сте добри. Да знаете каде би биле најуспешни. Научете ги вашите јаки страни и искористете ги во ваша предност.

18. Само вие можете да се спасите самите. Никој и ништо друго.

19. Да чекате некој да ве сака не е романтично, туку деструктивно. Речиси сигурно работите нема да излезат како што сте планирале. Пуштете ја таа личност да си оди.

20. Љубовта не е сè. Иако е важен дел од животот, врската не може вистински да ве дефинира. Во ред е да сакате партнер, но токсично е да мислите дека друга личност ќе ви го исполни животот.

21. Научете ги вашите стандарди. До сега би требало да ви биде јасно што сакате, што не сакате, што можете да толерирате и без што не можете да живеете.

22. Паметно одбирајте ги вашите битки. Нема потреба да реагирате и да се борите за сè. Некои работи не ја заслужуваат вашата енергија.

23. Некои години ќе бидат потешки од другите. Важно е она што ќе го научите од тешките години.

24. Нема потреба да се сакате целосно пред некој друг да ве сака. Ова е навистина лош совет. Ако е потребно сите да се сакаме целосно пред некој друг да нè сака, сите би биле сами.

25. Луѓето не размислуваат за вас толку често колку што мислите. Најчесто луѓето размислуваат за нив, како што вие размислувате за вас. Па немојте да се грижите за нешто што сте кажале или направиле, повеќето луѓе забораваат.

26. Помирете се со фактот дека животот никогаш нема да изгледа онака како што сте замислувале. Сепак, живејте го.

Погледнете ги и важните работи кои треба да ги знаете во вашите 20-ти.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар