25 нешта што треба да ги направите со вашето дете пред да наполни 5 години

25 нешта што треба да ги направите со вашето дете пред да наполни 5 години

Изгрејсонце, зајдисонце… брзо поминуваат детските години. И од сите родителски размислувања, една е најточна: Деновите се долги, но годините се кратки. Затоа погледнете ги следниве 25 нешта што треба да ги направите со вашето дете пред тоа да наполни 5 години.

(1) 25 нешта што треба да ги направите со вашето дете пред да наполни 5 години

1. Научете го да врзува чевли.

2. И како љубезно да одбие кога нешто не сака да направи.

3. Заборавете на социјалните мрежи и поминувајте што повеќе време во реалноста заедно.

4. Собирајте школки и градете песочен замоци пред да стане доволно храбро да сурфа.

5. Охрабрувајте ја самодовербата колку што можете повеќе, бидејќи според науката таа се заклучува на 5-годишна возраст.

(2) 25 нешта што треба да ги направите со вашето дете пред да наполни 5 години

6. Бакнувајте го колку што сакате, дури и пред пријателите.

7. Читајте му приказни, од оние постарите – поквалитетните.

8. Облекувајте го на интересни начини и правете многу фотографии.

9. Дозволете му да трча голо, на отворено.

10. Научете го како треба да зборува и да се однесува во јавност.

(5) 25 нешта што треба да ги направите со вашето дете пред да наполни 5 години

11. Посетете забавен парк и возете се на сите атракции.

12. Поминете цело попладне во зоолошката градина.

13. Направете маратон од Дизни цртани – што постари одберете, толку подобро.

14. Врамете цртеж што самото го нацртало.

15. Запишувајте ги урнебесните изјави.

(3) 25 нешта што треба да ги направите со вашето дете пред да наполни 5 години

16. Редовно проверувајте му го говорот, подготвеноста за читање, видот и слухот.

17. Одвојте 24 часа што ќе ги поминете во хотел со сопругот или сопругата и не мислете на децата – може дури и да спиете по изгрејсонцето!

18. И потоа испланирајте викенд бегство со пријателите каде што ќе зборувате за нешто подлабоко од врзување чевличиња.

19. Купете му на вашето дете велосипед, со тркалца за вежбање и кул кацига што ќе го претвори во крал на маалото.

20. Одбележувајте го неговото растење зад вратата.

(4) 25 нешта што треба да ги направите со вашето дете пред да наполни 5 години

21. Одберете хоби што редовно ќе го практикувате за да бидете свежи кога ќе минувате време со најмалото.

22. Посветете се на читање препорачана книга за дисциплина.

23. Прифатете ги каприците на вашето дете и помогнете му да учи од грешките така што веднаш ќе му простите штом направи нешто погрешно.

24. Обидувајте се што повеќе да му помогнете да се спреми за на училиште.

25. Бакнувајте го за добра ноќ секоја вечер!

(6) 25 нешта што треба да ги направите со вашето дете пред да наполни 5 години


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар