24 совети: Израмнете го стомакот во рок од 24 часа

24 совети: Израмнете го стомакот во рок од 24 часа

Подуениот стомак е проблем со кој секоја жена се соочува, особено при крајот на денот. Ако сакате брзо да го решите овој проблем, како и да изгледате и да се чувствувате најдобро за време на празниците, следете ги овие 24 совети кои ќе ви помогнат да го израмните стомакот за само 24 часа.

24 совети: Израмнете го стомакот во 24 часа

1. Денот започнете го со чај од ѓумбир. Тој ќе го забрза варењето на храната и ќе ја намали подуеноста.

2. Наместо стандардниот појадок, направете омлет од белки од јајца.

3. Изедете една банана. Бананите се преполни со калиум кој го регулира задржувањето на течностите во телото.

4. За одреден период исфрлете ги кромидот, блитвата, пченката, зелката, спанаќот и карфиолот од исхраната. Тие се многу здрави, но и предизвикуваат подуеност.

5. Заборавете на гумите за џвакање. Со џвакањето внесувате воздух кој непотребно го дуе стомакот.

6. Избегнувајте слатки и енергетски чоколади кои содржат житарици и вештачки засладувачи.

7. Уживајте во јадењата кои содржат магдонос, бидејќи тој е силен диуретик и одличен регулатор на варењето на храната.

8. Уживајте во темните чоколади кои содржат над 70% какао.

9. Од утрото, па во текот на целиот ден, јадете повеќе мали оброци на секои 3 до 4 часа. Тоа ќе го поттикне варењето на храната.

10. Јадете полека. Така ќе внесете помалку воздух, а добро изџваканата храна побрзо ќе се свари.

11. Соковите заменете ги со лимонова вода. Пијте многу вода бидејќи лимонот е силен диуретик, а хидратацијата го забрзува метаболизмот.

12. Избегнувајте да пиете од сламка, бидејќи така внесувате повеќе воздух.

13. Избегнувајте газирани и слатки пијалаци. Меурчињата и шеќерот се најлоша комбинација за вашиот стомак.

14. Белиот леб и тестенините заменете ги со леб и тестенини од цели житарици, бидејќи тие се богати со влакна кои се клучни за варењето на храната.

15. Избегнувајте мрсна храна, бидејќи таа потешко се вари.

16. Избегнувајте алкохол, барем до забавата, бидејќи тој може да ја вознемири цревната флора и да предизвика подуеност.

17. Одвојувајте 15 минути од денот за пешачење. Тоа ќе го забрза вашиот метаболизам.

18. Во текот на денот напијте се уште еден чај од ѓумбир и цимет.

19. Прескокнете ги млекото и сирењето бидејќи тие можат да предизвикаат подуеност, особено кај повозрасните.

20. Напијте се пробиотик кој е преполн со добри бактерии кои го регулираат варењето.

21. Ден претходно, прескокнете ја вечерата или таа нека биде порано и многу лесна.

22. Направете си купка од 270 грама горка сол. Магнезиумот од горката сол го поттикнува потењето преку кое ги исфрлате вишокот течности од телото.

23. Избегнувајте пресолена храна. Солта ја задржува водата во телото.

24. Ако сте гладни, грицкајте бадеми. Тие не предизвикуваат подуеност и ќе ве заситат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар