Во очите на мажите: Разликата помеѓу водењето љубов и обичниот секс

Во очите на мажите: Разликата помеѓу водењето љубов и обичниот секс

Заљубениот маж секогаш ќе се однесува со почит кон вас. Од друга страна пак, постојат жени за кои мажите се заинтересирани, но ги гледаат само како „играчки“ за секс. Тие многу добро ја познаваат разликата помеѓу водењето љубов и обичниот секс бидејќи нивното однесување во креветот многу зависи од емоциите кои (не) ги чувствуваат кон жената со која имаат односи. Овие 4 нешта откриваат дали тој чувствува нешто повеќе од едноставна привлечност за вас.

Во очите на мажите: Разликата помеѓу водењето љубов и обичниот секс

1. Опуштеност

Можеби не е во секој момент идеален, но токму ова несовршенство го чини совршен партнер за долг рок. Мажот кој вистински ве сака и кој не може да го замисли својот живот без вас за време на сексот е целосно опуштен и спонтан, затоа што времето поминато со вас му делува како најприродното нешто на светот.

2. Долготрајни и сензуални бакнежи

Мажите најчесто не се многу расположени за долги бакнежи, но кога се заљубени тие ги сметаат за исклучително интимен чин. Ако тој често ве бакнува нежно и страсно по целото ваше тело, на тој начин ви покажува колку многу му се допаѓате и дека е луд по вас.

3. Слушање на вашите желби

Заљубениот маж ќе се труди да ве задоволи најдобро што може. Тој внимателно ќе слуша и ќе открие точно што ви одговара, а што не за време на сексот. Токму затоа и за време на водењето љубов помеѓу вас ќе се развие многу поголема интимност од онаа која настанува за време на сексуалниот однос без емоции.

4. Посветен однос

Сексот е многу важен дел од секоја врска, но мажот кој навистина ве љуби ќе се погрижи да се забавувате во текот на целиот однос. Тој ќе биде трпелив со предиграта и пред самиот чин ќе направи да бидете исто толку возбудени колку и него. Ставањето на вашето задоволство на прво место е најдобар знак за неговата љубов.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар