24-каратни златни маски за лице, достојни за најубавите ангели!

24-каратни златни маски за лице, достојни за најубавите ангели!

Ангелите од „Victoria’s Secret“ решиле да ги споделат своите рутини за убавина што ги користат пред да излезат на големите модни писти. Ако ги следите овие убавици на социјалните мрежи, тогаш сигурно сте забележале дека во последно време една маска за лице се истакнува. Станува збор за неверојатно скапата 24-каратна маска за лице што предизвикува нивната кожа да сјае!

(1) 24-каратни златни маски за лице, достојни за најубавите ангели!

Но, дали тие навистина функционираат или пак, станува збор за скап начин да се пофалат колку заработуваат? Вистината е дека оваа маска прави чуда, бидејќи нанесувањето чисто злато на кожата го намалува црвенилото, ги минимизира брчките и ѝ нанесува блескав сјај. Кога ќе се комбинира оваа состојка со оние што се борат против стареењето, тогаш добивате неверојатна маска која е достојна за ангели! Ангелите на „Victoria’s Secret“, да бидеме попрецизни.

(2) 24-каратни златни маски за лице, достојни за најубавите ангели!

Една маска чини 300 долари и покрај тоа што можеби оваа цена изгледа како ништо за Алесандра Амброзио или Сара Сампаио, останатите жени можат само да сонуваат, дури и покрај тоа што таа ја прави кожата беспрекорна. Но, којзнае… Можеби во иднината, ако опадне вредноста на златото, сите ние ќе можеме да ја нанесуваме на нашето лице и да изгледаме како ангели!

(3) 24-каратни златни маски за лице, достојни за најубавите ангели!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар