23 места во домот кои не треба да ги чистите секој ден

23 места во домот кои не треба да ги чистите секој ден

Дали повторно го поминавте викендот во чистење? Некои места во вашиот дом нема потреба да ги чистите толку често. Па, слободно тргнете ги средствата на страна. Сè што ви е потребно е овој распоред за чистење и вашиот дом ќе блеска.

Работи кои се чистат секој ден

Лвабо: За да избегнете наслаги од тврдата вода, бришете ја водата од вашето лавабо со сува крпа.

Плочки во тоалетот: Користете четка за прозорци за да го спречите настанувањето на мувла.

Садови: Никогаш не ги оставајте валканите садови преку ноќ. На нив многу лесно се развиваат бактерии.

Маса за јадење и помошна маса: Бришете ги со крпа за да ги отстраните сите остатоци од храна.

Облека: Не чекајте да наполните цела машина. Перете ја облеката секој ден за да не им дозволите на бактериите да се размножат.

Работи кои се чистат еднаш неделно

(2)23-mesta-vo-domot-koi-ne-treba-da-gi-chistite-sekoj-den-kafepauza.mk

Чаршафи: Перете ги одделно од останатата облека на висока температура.

Под: Чистете го подот со правосмукалка или со крпа еднаш неделно. Доколку имате мали деца или миленичиња чистете го подот барем 3 пати неделно.

Шкафчиња во тоалетот: Исчистете ги и дезинфицирајте ги шкафчињата во тоалетот и чувајте ги четките за заби на затворено место.

Мебел: Чистете го мебелот еднаш неделно.

Кујнски апарати: Отстранете ги масните наслаги од кујнските апарати со сјај за садови и топла вода.

Работи кои се чистат еднаш месечно

(3)23-mesta-vo-domot-koi-ne-treba-da-gi-chistite-sekoj-den-kafepauza.mk

Микробранова печка: Користете сода бикарбона. Нема да го оштети апаратот и ќе ги отстрани непријатните миризби.

Правосмукалка: Кога ќе го замените ќесето на правосмукалката, исчистете го и филтерот.

Ролетни: Пред да користите средство за чистење, соберете ја прашината со правосмукалка.

Работи кои се чистат на 3-6 месеци

(4)23-mesta-vo-domot-koi-ne-treba-da-gi-chistite-sekoj-den-kafepauza.mk

Фрижидер: Исчистете го со сода бикарбона за да ги отстраните и нечистотиите и непријатната миризба.

Перници, ќебиња и душеци: Ако не можете да ги исчистите темелно, оставете ги на сонце неколку часа за да се уништат некои бактерии.

Завеса во бањата: Или исчистете ја завесата или заменете ја со нова на секои 6 месеци.

Рерна: Пред да ја чистите со средства, оставете ја да се загрее околу 20 минути.

Работи кои се чистат еднаш годишно

Теписи: Користете посебни средства со кои ќе ги отстраните сите дамки. Ако имате домашни миленичиња, чистете ги теписите на секои 6 месеци.

Прозорци: Немојте да ги чистите прозорците на сончев ден бидејќи средствата за чистење ќе се исушат многу брзо и само ќе остават повеќе дамки. Ако вашите прозорци гледаат на прометна улица, чистете ги на секои 6 месеци.

Завеси: Вo зависност од материјалот, исперете ги завесите во машина за перење или пак користете машина на пареа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар