21 забавна вежба ако не сакате да одите во теретана

21 забавна вежба за оние кои не сакаат да одат во теретана

Можеби сте од оние луѓе кои сакаат да вежбаат и да се физички активни, но не сакате да одите во теретани. Таму ви пречи гужвата, испотените тела на луѓето околу вас, машините за вежбање… Но, кој вели дека се вежба единствено во теретани? Постојат стотици начини да ја одржите вашата форма на забавен начин, под отворено небо и на свеж воздух. Ние ви нудиме 21 интересен начин како да се забавувате, а истовремено да ја доведете линијата до совршенство.

1. Одете на редовна прошетка со вашето куче. Но, потрудете се тоа да го следи вашето темпо, затоа што многу често нивното внимание може да биде одвлечено од работите околу.

(4) 21 забавна вежба ако не сакате да одите во теретана

2. Пријавете се за волонтерска работа во некое здружение или организација која се грижи за одржување на чистотата на животната средина. Вклучувајќи се во такви активности ќе придонесете за почиста околина, но и вие ќе бидете во движење.

3. Играјте фризби со пријателите.

4. По вечерата, наместо веднаш да седнете пред телевизорот, излезете на кратка, 30-минутна прошетка.

5. Одамна ја гледате високата трева во градината позади вашата куќа? Ставете ракавици и излезете во дворот. За кратко време градината ќе ви биде средена, а вие ќе изгубите многу калории.

6. Кајакарство. Можеби изгледа едноставно, но тоа бара многу енергија.

(2) 21 забавна вежба ако не сакате да одите во теретана

7. Наместо да стоите отстрана и да ги гледате вашите деца и внуци како си играат, приклучете им се. Тоа е многу повозбудливо и за нив, но и за вас, затоа што трчајќи заедно со децата ќе изгубите калории, но ќе се наполните и со позитивна енергија.

8. Планинарете.

9. Пуштете си ја омилената музика и танцувајте низ дома 15-тина минути. Танцувајте како никој да не ве гледа.

10. Играјте одбојка. Тоа е прекрасен спорт, најдете некој локален клуб или ставете си мрежа во дворот.

11. Барем еден ден во неделата, одете со велосипед до вашето работно место, а автомобилот нека одмора во гаражата.

12. Наместо да седнете со цел куп грицки пред вас, земете хулахоп и вртете го околу вашиот струк.

(1) 21 забавна вежба ако не сакате да одите во теретана

13. Додека траат рекламите на телевизија, не одете веднаш на социјалните мрежи, туку потрудете се да направите неколку склекови за тоа време.

14. Одете на базен, а уште подобро доколку го имате во вашиот двор. Скокнете во водата и однесувајте се будалесто, како кога бевте дете. Трчајте, скокајте, пливајте…

15. Потрудете се да практикувате јога.

16. Одете на игралиште и заедно со вашите пријатели играјте кошарка, фудбал, подавајте си топка, тенис… Потсетете се колку ви беше убаво во детството.

17. Кога е зима и има снег, можете да се санкате.

18. Доколку сте во можност правете ѕвезди, шпаги и слични вежби. Но, мора да бидете внимателни и никогаш не практикувајте ги овие вежби додека сте сами.

(3) 21 забавна вежба ако не сакате да одите во теретана

19. Исто така, може да истрчате некој круг, околу зградата, куќата или во вашето маало.

20. Додека сте на работа, секојдневно практикувајте неколку едноставни вежби. Почесто станувајте од столчето, истегнувајте ги рацете и вратот…

21. Кога пазарите во супер маркет или во локалната продавница, наместо да одите со автомобил, потрудете се тоа да го направите пеш.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар