20 реалности што морате да ги прифатите пред да го живеете вашиот најдобар живот

20 реалности што морате да ги прифатите пред да го живеете вашиот најдобар живот

Дали ви е тешко да се почувствувате среќни и полни со самодоверба? Веројатно причината е што не можете или не сакате да прифатите некои реалности. За да го постигнете она што го сакате, важно е да научите како функционира светот и како функционираат другите. Важно е да знаете што вреди, а што не вреди, за што треба да се борите да го промените, а што треба да го оставите онакво какво што е. Затоа во продолжение погледнете ги 20-те реалности што морате да ги прифатите доколку сакате да го живеете вашиот најдобар живот.

1. Луѓето доаѓаат и си заминуваат

Со созревањето ќе сфатите дека вашиот круг на пријатели ќе се намалува. Денес ќе бидете навистина блиски со некоја личност, а по некоја недела може воопшто и да не зборувате. Тоа е животот. Луѓето се одделуваат од вас. Прифатете го ова и продолжете понатаму.

2. Секоја лекција си има цена

Луѓето си заминуваат со причина, па научете нешто од тоа и продолжете понатаму. Некои растурени врски се можеби скриен благослов што не го гледате во моментот. Можеби сте повредени, а можеби и вие повредувате. Кога ќе ѝ дојде крајот на некоја врска ќе ве боли, и сосема е во ред да плачете. Но после солзите оставете го минатото зад вас и научете ја потребната лекција.

3. Чувајте ги блиску луѓето кои се грижат за вас

Постојат луѓе коишто е навистина тешко да ги пронајдете. Воглавно ако некој се однесува добро со вас, сака нешто за возврат. Ќе дознаете кои им се вистинските лица дури кога ќе направите грешка. Но луѓето кои остануваат со вас и во најлошите моменти се оние коишто ви требаат.

4. За врските е потребен труд

Потребно е постојано да се грижите за вашата врска. Немојте да запоставувате некого бидејќи мислите дека засекогаш ќе биде покрај вас. Со текот на времето ќе се разделите и сè што имате сега ќе се сруши. Ако ја цените вашата врска, покажете го тоа.

5. Тревата е зелена онаму каде што ја наводнувате

Веројатно често ги гледате вашите врсници, братучеди, колеги и пријатели со завист. Тие имаат достигнувања што ги немате вие. Нивниот живот ви изгледа совршен. Или можеби само вие така размислувате. Секој си има свои проблеми, без разлика како изгледа. Никогаш не можете да знаете. Едноставно фокусирајте се на вашиот пат и на тревата во вашиот двор. Наводнувајте ја и ќе стане позелена отколку што сте замислувале.

6. Не можете да ги задоволите сите

Никогаш не можете да го направите ова, па слободно правете ги нештата што ги сакате. Ако има луѓе што го мразат тоа, не ви се потребни во животот. Луѓето кои се важни нема да им биде грижа. Немојте да се менувате за некој друг бидејќи никогаш нема да го задоволите. Сепак, треба да знаете кого треба да задоволите за да си го олесните животот.

7. Градете значајни врски и градете ги добро

Да ги задоволите другите значи да разговарате со нив, да откриете што сакаат, а што не сакаат. Излезете со нив и едноставно бидете присутни. Со текот на времето врските ќе се формираат. Само осигурете се да ги формирате добро.

8. Потребни ви се конекции

Излезете, запознавајте луѓе и комуницирајте со нив, дури и ако го мразите тоа. Волонтирајте и одете на пракса, дури и ако треба да правите непријатни работи. Потребни ви се конекции бидејќи е многу полесно да стигнете каде што сакате кога луѓето веќе знаат кои сте.

9. На никој не му е грижа

Престанете да се жалите колку е лош животот бидејќи буквално на никој не му е грижа. Ако толку ви е лоша ситуацијата, направете нешто во врска со тоа. Донесете свесна одлука за нешто и бидете свесни за последиците. На крајот, вие сте одговорни за самите себеси.

10. Никој не ви должи ништо

Вие сте одговорни за себе. Родителите, шефот и професорите не ви должат ништо. Работете и добијте го тоа што го сакате. Не очекувајте некој друг да го направи тоа за вас.

11. Физичкиот изглед не е најважен, важно е како се носите себеси

Носете се со почит, самодоверба и добрина. Можеби имате забележано дека луѓето зборуваат за убавите луѓе со лош карактер, но никој не кажува ништо лошо за добрите луѓе со потпросечен изглед. Како што ќе созревате, ќе сфатите дека вашиот физички изглед навистина не е важен.

12. Вашата гордост не е сè

Погазете ја гордоста и извинете се кога е потребно. Пријателствата и врските се многу поважни од неа. Дури и ако мразите некого, тргнете ја гордоста настрана и поздравете се.

13. Вистински сте среќни само кога ќе се помирите со себе

Не барајте признание од другите бидејќи често ќе бидете разочарани. Сами давајте си признание. Истото важи и за среќата – немојте да ја очекувате од другите. Сакајте се себеси и бидете полни со самодоверба.

14. Не плашете се од потсмев

Луѓето како да се програмирани да судат. Ќе дофрлуваат коментари и нема да им биде грижа како се чувствувате. Научете да се шегувате на ваша сметка и ќе ви биде многу подобро. Покажете им дека грешат со вашите достигнувања и постапки. Сепак, научете да прифаќате конструктивни критики – на овој начин созревате.

15. Животот никогаш не е фер

Дали работите напорно колку некој друг, но сепак само тој го добива што го сака? Прифатете го тоа. Животот не е фер. Продолжете да се движите кон вашата цел и кога-тогаш ќе ја стигнете.

16. Живејте според вашите верувања

Држете се до вашите вредности без разлика што мислат другите. Ако верувате во втора шанса, дајте ја. Ако сакате да бидете веган, бидете. Ако сакате да бидете добри кон луѓе кои не заслужуваат, направете го тоа. Немојте да се менувате поради некој што не може да ве прифати.

17. Избројте си ги благословите

Никогаш нема да добиете сè што сте посакувале, затоа е важно да бидете задоволни со она што го имате. На овој начин ќе бидете среќни. Секогаш ќе постои некој побогат, посреќен и поатрактивен од вас. Немојте да се споредувате. Обидете се да бидете најдобрата верзија од себе, а не од некој друг.

18. Паметно избирајте ги вашите битки

Секој се соочува со битки секојдневно, но одбирајте ги вашите паметно. Дали вреди да се борите за нешто? Одредете ги вашите приоритети и уште поважно, избројте ги вашите победи.

19. Секогаш гледајте ги нештата од повеќе перспективи

Секоја приказна има две страни. Потрудете се да ги погледнете и двете. Ставете се во кожата на другата личност за да разберете зошто направила нешто. Обидете се да ја погледнете големата слика. Многу често ги гледаме нештата какви што сакаме да бидат иако се поразлични. Научете да ја промените перспективата.

20. Секогаш бидете добри

Дури и ако луѓето не го ценат тоа, бидете добри. Добрината ќе ве однесе многу далеку.

Погледнете и кои се циничните вистини што повеќето од нас одбиваат да ги прифатат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар