20 навики од кои треба да се одвикнете во 2020 година

Во продолжение прочитајте кои нешта треба да престанете да ги правите за Новата година да ви биде посреќна и попросперитетна.

20 навики од кои треба да се одвикнете во 2020 година

1. Обидете се да престанете да пушите. Соочете се со последиците кои пушењето може да ги предизвика врз вашето здравје.

2. Престанете да ги оставате вклучени сите светилки во вашиот дом. Така непотребно трошите електрична енергија и пари.

3. Повеќе не треба да пиете газирани сокови. Тие не се добри за вас. Можете да ги замените со здрави напитоци од комбуха или со минерална вода.

4. Престанете да го одложувате годишниот систематски преглед. Лекарите понекогаш може да бидат страшни, но преземањето на превентивни мерки е најдоброто нешто што може да го направите за вашето здравје.

5. Престанете да ги читате само насловите и почнете да ги читате целите текстови на Интернет.

6. Престанете преку коментари да се расправате со луѓето за било што на Интернет.

7. Престанете да „висите“ по социјалните мрежи пред спиење.

8. Нека телефонот не биде првото нешто по што ќе посегнете наутро.

9. Престанете да го чувате телефонот на маса кога вечерате со најблиските. Тоа не е многу учтиво. Ако некој треба да ви се јави, тогаш чувајте го телефонот вклучен, но во вашата чанта или во џебот.

10. Во 2020 година, не дозволувајте туѓите милења да ве оддалечат од вашите соништа.

11. Престанете да се натпреварувате со другите. Наместо тоа, здружете се.

12. Престанете да се штедите себеси.

13. Престанете да им кажувате на другите како да постапуваат.

14. Престанете да претпоставувате што другите мислат за нешто и почнете да поставувате прашања.

15. Престанете да се обидувате сè да направите самостојно.

16. Ако сакате нешто да постигнете не се потпирајте само на надежта. Прво направете план, а потоа преземете акција. Ако само размислувате без нешто да преземете, тогаш ништо нема да се случи.

17. Престанете да го храните туѓото его.

18. Престанете да мислите дека луѓето и околностите се лоши. Можеби не е сè розово, но има добри и искрени поединци кои прават многу позитивни нешта.

19. Престанете да велите дека немате време. Секој има по 24 часа на ден кои различно ги користи. Ако сакате да имате чувство дека имате повеќе време, трошете го на подобар начин.

20. Престанете да ги озборувате другите и насочете се повеќе кон вашите можности.

Можеби сакате да ги прочитате и мантрите за среќа: Две моќни реченици што ќе ја направат 2020 вашата најдобра година!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар