20 лоши навики кои покажуваат несигурност

Дали мислите дека сте несигурна личност? Дали никогаш не им верувате на вашите способности? Несигурноста е навистина лоша одлика која не ви прави ништо добро. Во продолжение погледнете кои се 20-те лоши навики кои покажуваат несигурност, а доколку се пронајдовте, обидете се да се ослободите од нив.

20 лоши навики кои покажуваат несигурност

1. Ја бришете и одново ја објавувате фотографијата на Инстаграм бидејќи не сте добиле доволно допаѓања.

2. Не можете да признаете дека грешите и постојано барате глупави објаснувања со цел да докажете дека сте во право, дури и кога не сте.

3. Го истакнувате секој недостаток кај другите луѓе.

4. Им замерувате на другите без некој причина.

5. Сите работи ги сфаќате премногу лично и ги обвинувате луѓето дека се против вас, кога тие всушност само си го живеат животот и не ни помислуваат на вас.

6. Барате нечие признание за сè што правите.

7. Постојано зборувате за нешто големо што сте го направиле.

8. Постојано се обидувате да бидете подобри од другите.

9. Непотребно сте гласни и премногу се обидувате да бидете смешни.

10. Постојано се обидувате да спомнете колку заработувате или колку сте важни во друштвото.

11. Посегате по сè за да се одбраните или за да нападнете некого.

12. Кажувате дека сте алфа маж или жена.

13. Постојано се обидувате да изгледате интелигентно пред другите.

14. Го браните вашето недолично однесување тврдејќи дека едноставно таков ви е карактерот.

15. Ги потценувате другите кои имаат различно мислење од вашето.

16. Ја правите секоја приказна, анегдота или разговор за вас.

17. Се преправате дека сте силни, па дури и започнувате расправи или тепачки во јавност.

18. Постојано демнете некоја позната личност со цел да му дадете значење на вашето постоење.

19. Постојано кажувате дека не сте како другите мажи или жени.

20. Не му дозволувате на партнерот да има пријатели или познаници од спротивниот пол.

Погледнете и кои се најлошите особини на несигурните луѓе.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар