20 експертски тактики за справување со тешки луѓе

20 експертски тактики за справување со тешки луѓе

Сакале ние или не, во животот наидуваме на секакви типови луѓе. Некои ни се допаѓаат, некои нè нервираат, а некои не би сакале да ги сретнеме повторно. Постои и оној тип луѓе кои се тешки и сложени и со кои едноставно не може да се разбереме за ништо. Нѐ нервираат и нѐ вадат од такт, а по малку и нѐ плашат, додека залудно се обидуваме да им објасниме нешто. Но факт е дека не е можно да се најде разумно решение за ниту еден проблем кога се зборува со неразумни луѓе. Она што може да се направи е да се применат овие 20 тактики кои сигурно ќе ви помогнат подобро да се справите кога ќе се најдете очи во очи со тешка личност. Иако делуваат невозможни на почетокот, навистина помагаат.

(1)-20-ekspertski-taktiki-za-spravuvanje-so-teshki-lugje-kafepauza.mk

1. Слушајте

Како и за сѐ останато, слушањето е чекор број 1. Фокусирајте се на она што го кажува личноста спроти вас, а не на она што вие планирате да го кажете.

2. Останете смирени

Нервозата и повишениот тон нема да ве одведат никаде. Дишете длабоко и полека. Избројте до 10 пред да избувнете.

3. Не судете

Никогаш не ја знаете целата приказна и зошто другиот е таков каков што е. Обидете се да не го/ја осудувате предвреме.

4. Испочитувајте ја личноста спроти вас

Ако не планирате да покажете почит за туѓото мислење, тогаш воопшто и не започнувајте разговор со тој некој. Испочитувајте го додека зборува без разлика како тој се однесува со вас.

5. Читајте меѓу редови

Тој некој всушност се обидува да ви каже и покаже што сака и што нему му треба. Прочитајте меѓу редови и најдете го тоа нешто. Оттука, па натаму треба да е полесно.

6. Побарајте некој кој може да ви помогне

Некогаш трета личност може многу добро да влијае на решавање на недоразбирањето со кое се соочувате. Најдете ја таа личност во вашата околина и побарајте помош.

7. Не очекувајте да ви попуштат

Колку повеќе инсистирате дека тој/таа треба да попушти, толку повеќе ќе се расправате. Обидете се да прашате што всушност му/ѝ смета.

8. Не кажувајте Разбирам

Не постои нешто што повеќе ќе ја изнервира личноста со која не можете да се разберете од едно празно разбирам. Затоа не го кажувајте. Покажете дека разбирате ако навистина го мислите тоа или побарајте повеќе информации за да разберете.

9. Не се смејте

Смеењето додека се наоѓате во караница делува како да ѝ се потсмевате на личноста со која се карате. Делувате несериозни, незаинтересирани за нејзиното мислење и покажувате непочитување.

10. Не играјте одбранбено

Велат дека нападот е најдобра одбрана, но не и кога станува збор за расправија со навистина тешка личност. Одбранбениот став може само да ја влоши ситуацијата колку и да е нормално да почнете да се браните во тој момент. Обидете се со неутрални реакции.

11. Гневот не е решение

Очекувано е да бидете лути и нервозни, па дури и гневни. Но овие чувства преточени во зборови може само да го разгорат огнот. Смирете го гласот, намалете го тонот и обидете се да разговарате полека.

12. Не се убедувајте

Вие си имате ваше мислење, тој/таа си има свое. Наметнувањето на своето мислење на другите никогаш не успеало, па зошто би успеало сега? Дали би ви се допаѓало на вас?

13. Одржувајте дистанца

Секој допир за време на караница, колку и да е добронамерен, може да биде погрешно сфатен. Избегнувајте да го допирате човекот со кој се карате и одржувајте се и себеси и него на безбедна дистанца.

14. Кажете Жалам или Ќе се обидам да го поправам ова

Ако навистина го мислите, тогаш може да ви заштеди многу време и енергија.

15. Поставете граници

Паралелно на почитувањето и толеранцијата, мора да поставите и некои граници до кои смее да се оди. Кога тие ќе се преминат, не плашете се да ја побарате и вие почитта која ја заслужувате.

16. Верувајте им на своите инстинкти

Тие скоро никогаш не ве лажат. Ако увидите дека работата оди на полошо, барајте решение да се извлечете од неа.

17. Не очекувајте иста реакција од сите

Не реагираат сите исто на ист проблем. Очекувајте дека личноста со која сега се расправате ќе реагира сосема различно одошто се надевавте и подгответе се да бидете флексибилни кога ќе се случи тоа.

18. Премотајте ја ситуацијата

Разговарајте со некој откако сѐ ќе помине. При рефлектирање на претходните настани може многу да се научи.

19. Опуштете се

Веројатно сте многу напнати и нервозни, па ќе ви биде потребен одмор од целиот стрес. Трчајте, прошетајте, преспијте. Направете го она што ќе ви помогне во отпуштање на стресот и смирување.

20. Охрабрете се себеси што успешно сте поминале низ тешка ситуација

Потребно ви е!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар