18 работи кои треба да почнеме одново да ги правиме

Нештата се многу поразлични денес. Луѓето и околностите се сменија заедно со напредокот на технологијата, па заборавивме да ги правиме нештата што порано нè правеа среќни. Во продолжение е листа од 18 нешта на кои треба да им се вратиме и да им посветиме време.

18 работи кои треба да почнеме одново да ги правиме

1. Да пишуваме рачно. Без разлика дали се тоа писма до нашите пријатели, список за во продавница, целите кои сакаме да ги постигнеме во текот на неделата, пораки до нашите сакани, картички со кои ќе им се заблагодариме на нашите соработници…

2. Да имаме време да уживаме не правејќи ништо. Како во прединдустриското општество и кај културите кои имаат време и за попладневен одмор и долги седенки во кои уживаат заедно.

3. Да размислуваме пред да одговориме. Станавме условени да ги бараме нештата веднаш. Некој ќе постави прашање и ние веднаш треба да одговориме. Не беше така пред инстант пораките. Знак на вистинска интелигенција и самодоверба е кога на некој му треба време да размисли за прашањето и да го продлабочи, а потоа да одговори.

4. Да зготвиме убав оброк само заради тоа што така ни текнало. Поради тоа блиските ќе бидат благодарни, а готвењето ќе ни донесе радост.

5. Да се дотераме без некоја посебна пригода.

6. Книги. Вистински книги на кои можеме да пишуваме забелешки од страните и да ги мириснеме, да го слушаме звукот на вртењето на страниците и да ставаме обележувачи за да знаеме до каде сме стигнале со читањето.

7. Да им се јавиме на нашите роднини без некоја посебна причина и да ги прашаме како се.

8. Да славиме за некој повод со долги вечери и многу луѓе со кои ќе разговараме и ќе пиеме заедно.

9. Да чистиме, да ги офарбаме ѕидовите, да ставиме цвеќе на полиците. Тоа многу терапевтски ќе делува на нас.

10. Да бидеме со нашите деца и да си играме со нив.

11. Да одговараме на испратените покани навреме, а не да ги игнорираме само затоа што можеме.

12. Да се исклучуваме повремено од технолошките уреди, за да не жалиме за работите кои долго сме ги посакувале, а не сме ги направиле.

13. Да бидеме сигурни дека нашата врска со партнерот се базира на времето кое го поминуваме заедно. Комуникацијата преку електронските уреди е оправдана за врските на далечина, но физичкото присуство е единственото нешто што ќе ни даде чувство на поврзаност.

14. Да седнеме и да слушаме музика. Иако постојано во позадина има музика, треба понекогаш да седнеме и само да ја слушаме.

15. Да патуваме со воз, или ако тоа не е возможно, барем да ја истражиме околината околу нас. Особено ако живееме во некој голем град, а во близина има интересно местенце за кое не сме знаеле.

16. Нашето здравје и благосостојба треба да ни бидат на прво место. Треба да користиме денови од нашиот одмор во кои ќе се релаксираме, ќе си дремнеме и ќе одмораме. Тоа не нè прави стари. Тоа е здраво.

17. Да планираме нешто заедно со другите. Без разлика дали е тоа заедничка вечера или годишниот одмор за следната година. Секогаш треба да имаме нешто што едвај го чекаме.

18. Да застанеме за да поразговараме со луѓето во текот на денот. Љубезно да комуницираме, затоа што тоа е важно, а ние сме го подзаборавиле. Да ги исклучиме нашите телефони за време на вечерата и да не размислуваме што сè сме поставиле на социјалните медиуми. Тоа нè оддалечува од вистинското доживување на нештата.

Дополнително, ако научите да уживате во животот без овие 11 работи, ништо нема да ви биде толку тешко.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар