17 симптоми на духовно будење

Многу често може да ви се случуваат низа проблеми кои всушност се знаци на духовно будење. За жал, многумина не се свесни за овие симптоми па го испуштаат „повикот“ за будење. Будењето не е нешто што доаѓа од нежниот тек на настаните. Тоа е нешто што ве носи во непознатото.

17-te-simptomi-na-duhovno-budenje-kafepauza.mk

Ова може да биде добра работа, но може да биде и навистина застрашувачко особено ако не го очекувате. Во продолжение погледнете ги симптомите кои ќе ви покажат дали кај вас почнал процесот на будење. Бидете силни, бидејќи будењето не е нешто од кое што треба да се плашите.

1. Сакате да ја пронајдете својата сродна душа

Сите незначајни врски од минатото, сакате да останат во минатото. Свесни сте дека немале иднина. Сега ви е потребен партнер или пријател кој ќе ви помогне да созреете и со кој ќе можете да се поврзете на многу подлабоко ниво.

2. Поблиски сте со природата

Сакате да поминувате повеќе време надвор. Причината за ова е тоа што природата ве повикува, а вие ѝ одговарате. Сакате да впиете сè што ви нуди вашето опкружување.

3. Поблиски сте со животните

Животните почнуваат да доаѓаат кај вас кога им е потребно нешто, дури и кога не се ваши. На некој начин постојано наоѓате начин да им помогнете. Можеби дури сега ја забележувате оваа поврзаност, а можеби сте ја имале целиот живот.

4. Чувствувате поддршка

На големата скала на универзумот, треба да се чувствувате токму вака. Ќе постојат моменти кога ќе се чувствувате навистина удобно. Треба да си дозволите да уживате во оваа поддршка.

5. Се чувствувате различно

Почнувате да се чувствувате како нова личност. Нешто се променило кај вас и повеќе не сте толку наивни. Универзумот конечно почнува да ве штити.

6. Сакате да ја пронајдете вашата цел

Чувствувате дека вашиот живот има некакво значење и ќе направите сè за да откриете што е тоа. Секој ден го давате најдоброто од себе и ја покажувате својата вредност. Вашата цел на оваа планета ќе ви стане јасна, па не мора премногу да се грижите за тоа.

7. Забележувате интензивна енергија

Толку сте полни со енергија што наутро „скокате“ од креветот. Иако можеби нема постојано да се чувствувате вака, одвреме-навреме чувството е одлично. Само не заборавајте да водите грижа за себе.

8. Посилно ги чувствувате емоциите

Вашите емоции необјасниво ќе се појавуваат, а ова ќе трае додека не се разбудите целосно. Ако сте во лошо расположение, нема потреба да се грижите. Најважно е да ги препознавате емоциите кои ги чувствувате.

9. Вашата интуиција станува посилна

Почнувате да забележувате работи кои за вас биле невидливи. Вашата интуиција ви „зборува“ многу почесто од порано. Чувствувате како да имате некоја подлабока врска со неа.

10. Имате нова перспектива на работите

Сакате да откривате работи за кои не сте сигурни. Со ова истражување вие се отворате кон нови работи и можности. Понекогаш треба да погледнете внатре наместо надвор за да го најдете она што го барате и што ви е потребно.

11. Чувствувате синхроницитет

Синхроницитетот е нешто што се случува кога сме на вистинскиот пат во животот. Овде може да станува збор за мали работи, како забележување 11:11 на часовникот, или пак налетување на некој стар пријател во продавницата. Синхроницитетот е нешто што ќе почнете да го искусувате многу почесто.

12. Имате живи соништа

Колку сте побудни духовно, толку се поживи вашите соништа. Ова е навистина интересно искуство. Вашиот свет во соништата ќе стане толку неверојатен што понекогаш нема да сакате да се разбудите.

13. Универзумот ви испраќа луѓе

Цел живот среќавате нови учители. Секој со кој ви се вкрстиле патиштата ви дава некоја информација и ве учи на нешто ново. Секој предизвик гледајте го како тест од универзумот. За време на овие тестови важно е да останете искрени кон себе.

14. Созревате

Почнувате да созревате како личност и забележувате разлики кај себе. Важно е да го следите текот. Ќе бидете присилени да се соочите со многу работи, па направете го тоа.

15. Ќе отстранувате луѓе од вашиот живот

Негативните луѓе ќе ви станат здодевни кога ќе почнете да се будите. Поради ова ќе се ослободите од нив. Но, немојте да ги отстраните сите познаници. Добро размислете кои луѓе вреди да останат во вашиот живот.

16. Ќе престанете да се грижите за ситници

Ќе почнете да сфаќате дека нема потреба да се грижите за малите работи. Иако понекогаш ќе бидете загрижени, вам ви е јасно дека сè поминува. Стресот веќе нема големо влијание на вас.

17. Посреќни сте

Сега сте задоволни од личноста која сте. Задоволни сте со она што сте го постигнале, а тоа е одлично. Сте научиле да се сакате и да бидете искрени кон себе.

Дали знаете што се случува кога ќе го сретнете вашиот духовен близнак?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар