Што се случува кога ќе го сретнете вашиот духовен близнак?

Што се случува кога ќе го сретнете вашиот духовен близнак?

Постојат многу сродни души кои ги среќаваме во различни периоди од животот. Сродна душа може да најдеме во нашиот љубовен партнер, пријатели, па дури и членови од семејството. Но, кога велиме дека копнееме по нашата друга половина, мислиме на нашиот духовен близнак – нашиот близначки пламен, на англиски познат и како „twin flame“.

Што се случува кога ќе го сретнете вашиот духовен близнак?

Сите ние имаме само еден духовен близнак кој е на исто енергетско ниво како нашето, но на спротивна фреквенција. Кога фреквенциите на близнаците со идентична енергија ќе се претопат, се постигнува ускладување на јин и јанг. Во моментот кога близнаците ќе се препознаат, нивните души почнуваат да се враќаат во нивната суштина преку процес на соединување. Можеме да знаеме дали навистина сме го сретнале нашиот близнак, само ако се соединиме со него на емоционално и духовно ниво.

Средбите на духовните близнаци се многу интензивни. Станува збор за длабоко искуство кое ги менува и двајцата партнери. Тие никогаш повеќе нема да бидат исти, бидејќи се доживуваат себеси на поинаков начин. Тие почнуваат интензивно да се чувствуваат себеси во нивната близначка половина.

Егото може да се обиде да му се спротивстави на тој интензитет, да настојува да ја уништи врската и да ја втурне во конвенционалните љубовни односи. Тогаш настануваат драмите, разделбите, караниците и недоразбирањата, сѐ додека близнаците не разберат дека треба да се предадат на безусловната љубов. Средбата помеѓу близнаците ќе ја постигне целта само ако и двете лица се емотивно и духовно зрели за тој однос.

Што се случува кога ќе го сретнете вашиот духовен близнак?

Целта на таа средба е духовното будење, кое на почеток се одликува со сите оние збунувачки моменти на препознавање. Чувствуваме дека се познаваме од претходно, од некој друг живот, се препознаваме, хемијата е силна, емоциите интензивни и се добива чувство на љубов на прв поглед. Но, на енергетско ниво работите се сепак многу подлабоки од тоа. Со духовниот близнак се поврзуваме точно преку градите, од срцевите чакри, а двете енергии со ист интензитет но спротивна фреквенција се соединуваат во трета, единствена енергија. Тоа е вистинската енергија на љубовта, онаа која е поголема од сите луѓе на светот, која бара безусловна посветеност, бидејќи само така би можеле да доживееме духовно будење и да стекнеме повисоко ниво на свесност.

Духовното будење го содржи одговорот на некои од најголемите суштински прашања на човештвото од типот „Која е смислата на нашето постоење?“. Врската со духовниот близнак нѐ води право кон тоа сознание, но само ако не се спротивставуваме и не се обидуваме да го трансформираме во нешто површно што не би ја барало нашата стопроцентна посветеност и од кое би можеле да се извлечеме неоштетени.

Близначкиот пар поминува низ кризи во кои се обидува да ги примени дисфункционалните правила на љубовните врски, а кои би требало целосно да ги отфрли. Во таа фаза всушност се тестира подготвеноста на близнаците и нивната зрелост. Доколку успеат да ја поминат таа фаза и не го саботираат текот на нивната енергија, тие сѐ повеќе ќе се зближуваат и заеднички ќе ја продолжат авантурата на духовното будење.

Што се случува кога ќе го сретнете вашиот духовен близнак?

Многу духовни близнаци никогаш не стигнуваат до потполно соединување. Остануваат заглавени во фазата на тестирање и кризи, его, осудувања, лутина, отпор, манипулација и закани. А никој не може да остане долго во таа фаза, бидејќи нејзината главна одлика е неизмерливата болка. Во тој случај близнаците страдаат толку интензивно што целиот тој интензитет на првичното препознавање и љубов се претвора во неподнослива болка. Тогаш близнаците се разделуваат, свесни дека не можат да страдаат заедно до крајот на нивниот живот. Близнакот кој бил позрел и посовесен, кој повеќе се посветил на врската и доживеал поголема болка, самостојно го продолжува патот кон духовното будење. Понекогаш на патот среќава други сродни души меѓу кои наоѓа компатибилен партнер.

Чувството кое ги следи разделените близначки души никогаш не ги напушта. Тие знаат дека пропуштиле нешто највредно и најдрагоцено во животот. Најдоброто нешто што може да се пронајде во човечката љубов. Тој интензитет и енергетска поврзаност веќе никогаш нема да можат да ја постигнат меѓу себе. Нема враќање и почнување од почеток во ваква врска, бидејќи станува збор за трет елемент составен од постоечките два кој имал сопствена свест и кој умрел во моментот на разделбата на близнаците. Невозможно е да се оствари истата поврзаност со некој друг, бидејќи постои само еден духовен близнак. Близначкиот пламен се пали само еднаш и потоа или се распламтува или се гаси.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар