17 едноставни начини да бидете подобар сопруг и да го подобрите вашиот брак

Нема упатство за тоа како да бидете маж, ниту пак за тоа како да бидете добар сопруг. Па, што е потребно за да бидете добар сопруг и да имате среќен брак? Ако сакате да бидете навистина добар сопруг, постојат неколку работи кои ќе ви помогнат во тоа. Погледнете кои.

17 едноставни начини да бидете подобар сопруг и да го подобрите вашиот брак

1. Развијте морален компас

Секој маж треба да има морал кој е заснован на некоја животна филозофија или верба. Без разлика која е вашата, осигурете се дека се согласувате со сопругата. Потоа засновајте го бракот на тие верувања.

2. Верувајте во себе

Мажите имаат голема самодоверба кога станува збор за нивната кариера. А мажите со самодоверба се навистина привлечни за жените. Со самодоверба сакајте ја, овозможувајте ѝ го она што ѝ е потребно и поддржувајте ја во бракот.

3. Знајте се себеси

Ниту еден маж не е совршен без разлика колку е добар. Обрнете внимание на вашите силни и слаби страни, лошите навики и нереалните очекувања во бракот. Иако не сте совршени, секогаш можете да се стремите кон повеќе.

4. Знајте ја вашата сопруга

Како што сте свесни за вашите особини, важно е да ги знаете и оние на сопругата. Разговарајте и работете на овие недостатоци заедно.

5. Бидете ученик на љубовта

Исполнетиот и среќен брак доаѓа од способноста да научите што ѝ е потребно на вашата сопруга за да се чувствува сакано, ценето, почитувано и поддржано. А ова се учи целиот живот. Слушајте ги нејзините потреби со намера навистина да ги разберете.

6. Бидете учител на љубовта

Исто важно е да кажете што вам ви е потребно од сопругата за да се чувствувате сакано, ценето, почитувано и поддржано. Потребно е да ѝ кажете што очекувате од бракот.

7. Развијте го емоционалниот вокабулар

За да бидете поефективен учител на љубовта, потребно е да ги развиете зборовите кои најдобро се согласуваат со вашата сопруга. Односно, ќе треба да кажете нешто повеќе од „Како сакаш ти“, „Во ред сум“ или „Не сакам да разговарам за тоа“.

8. Врската нека ви биде приоритет

Нема потреба да размислувате за сопругата секогаш кога сте на работа или кога сте излезени со пријателите. Но секоја одлука која ја правите за вашиот живот (расправање со шефот, флертување со други жени, претерано пиење и слично) треба да биде донесена врз основа на влијанието што ќе го има на бракот. Бидете искрени кон себе, но бидете и свесни за последиците од вашите избори.

9. Прифатете ја независноста

Во бракот единствените нешта што не се заеднички се прстените. Стресот, менталното здравје, проблемите со зависност, финансиските проблеми и слично се нешта што се делат. Па, разговарајте со сопругата за вашите проблеми и предизвици за да можете заедно да се справите со нив.

10. Постојано договарајте љубовни состаноци

На почетокот сигурно сте барале начин да ја насмеете и да се забавувате со сопругата, без разлика дали е тоа концерт, одење во кино и слично. Не терајте ја да мисли дека тие времиња се зад вас. Одржете ја искрата и продолжете да се состанувате.

11. Покажете страст

Како што сте страсни за омилениот спортски клуб или омилената видео игра, станете страсни и за тоа што сте сопруг. Насмејте ја, дајте ѝ време за неа и поминувајте квалитетно време заедно.

12. Борете се за врската

Сопругите сакаат да се чувствуваат посакувано дури и кога се разочарани од бракот. Само затоа што ви рекла дека не е среќна, не значи дека треба да се откажете. Борете се за бракот да успее.

13. Одберете активност

Можете да бидете пасивни, агресивни или активни. Пасивни се мажите кои мислат дека немаат глас во бракот, не донесуваат одлуки и се сложуваат со сè што ќе каже сопругата. Агресивни се оние кои зборуваат премногу и прегрубо и не ѝ дозволуваат на сопругата да донесе одлуки. Активните мажи се полни со самодоверба, ефикасно комуницираат со сопругата и ја почитуваат разликата во мислењата. Ова е најдобриот пристап кон врската.

14. Бидете забавни

Нема потреба да бидете комичар за да бидете смешни. Бидете способни да се смеете на себе, на животот и со вашата сопруга. Нема да сретнете жена која мисли дека сопругот премногу ја смее. Покрај тоа, смеата ќе го разубави и вашиот и нејзиниот ден.

15. Покажете дека ја цените

За ова е доволно да кажете „Те молам“ и „Благодарам“. Секојдневно покажувајте ѝ дека ја цените. Овие гестови ќе ја одржат среќата во вашиот брак.

16. Често и безусловно давајте ѝ комплименти

Комплиментите се еден вид ценење и обожување. Покажете ѝ на сопругата колку и зошто ја сакате. Ова нека ви стане секојдневна навика. Секоја личност ужива во добар комплимент.

17. Вежбајте трпеливост

Бракот е патување. Вие постојано созревате како сопруг, а истото го прави и вашата сопруга. Па, бидете трпеливи со неа како што и таа е со вас. Уживајте во бракот што го имате и немојте да го споредувате со туѓ.

Погледнете ги и овие начини да станете најдобриот сопруг на светот.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар