16 манипулативни тактики со кои општеството влијае, го менува и го контролира вашето однесување

16 манипулативни тактики со кои општеството влијае, го менува и го контролира вашето однесување

Дали сте марионета? Размислете за сè што сте купиле изминатава недела, одлуките што сте ги донеле, местата што сте ги посетиле, услугите што сте ги направиле, па потоа одговорете го прашањето.

16 манипулативни тактики со кои општеството влијае, го менува и го контролира вашето однесување

Голема е веројатноста да сте марионета без воопшто да знаете за тоа. Американските социолози Џералд Марвел и Дејвид Шмит откриле дека целото наше однесување е контролирано со 16 тактики. Овие тактики често се посилни од обичните техники за убедување и често мета им е однесувањето на личноста наместо нејзиниот ментален процес. Најлошото е што ова се случува секојдневно без вие воопшто да знаете. Пријателите, семејството, колегите, странците, медиумите, Интернетот и рекламите, речиси сè и секој суптилно ги користи овие техники за да го контролира вашето однесување. Со цел да ја преземете контролата над вашиот живот, важно е да знаете што навистина влијае на вашиот ментален процес.

1. Награда

Ако направите нешто, за возврат добивате награда. На пример во продавница ви кажуваат дека ако ги купите чевлите од 3.000 денари денес, ќе добиете еден пар бесплатно.

2. Казна

Ако не направите нешто, нешто ќе ви биде одземено. На пример некој ви кажува дека ако не ја прифатите неговата понуда денес, нема веќе никогаш да ја добиете истата.

3. Позитивно искуство

Во овој случај ви кажуваат дека ќе се чувствувате навистина добро и ќе имате многу придобивки ако направите одредено нешто. На пример кога ви рекламираат продукти за нега на кожа ве убедуваат дека вашата кожа ќе биде 60% поубава. Ви кажуваат дека момчињата/девојките ќе ве сакаат повеќе бидејќи ќе изгледате поатрактивно.

4. Негативно искуство

Ќе се чувствувате многу лошо, или нема да добиете ништо ако не направите одредена работа. На пример ви кажуваат дека витаминот Д е добар за вас. Ако не купувате додатоци за исхрана со витамин Д, вашето здравје ќе се влоши.

5. Допаѓање

Друга личност се обидува да ја добие вашата наклонетост со тоа што ви ласка или ви дава комплименти. На пример ви кажуваат дека фустанот ви стои одлично, а веднаш потоа бараат некаква услуга од вас.

6. Подарување

Често друга личност ќе ви подари нешто пред да побара некоја услуга од вас. На пример ви даваат нешто што сметаат дека ви се допаѓа, а потоа ве замолуваат да разгледате некој договор.

7. Долг

Во овој случај сметате дека некој ви должи нешто бидејќи во минатото сте му направиле некаква услуга. Кога повторно ќе побара услуга, кажувате дека веќе сте направиле многу и сега вам ви е редот да побарате нешто.

8. Аверзивна стимулација

На овој начин некој ве тера да направите нешто што не го сака, па ја прекинува казната кога ќе се согласите. На пример, партнерот ви вели дека постојано ќе гледа телевизија ако вие постојано играте видео игри. Ако престанете вие, ќе престане и тој.

9. Морална жалба

Во овој случај наоѓате некој заеднички морал за да можете да се пожалите. На пример некоја организација за животни ве убедува дека треба да донирате пари за нив бидејќи ги сакате животните и не сакате да ги мачат.

10. Позитивно чувство кон себе

Со други зборови, ќе се чувствувате подобро во врска со себе ако направите нешто. Најчесто ќе го забележите ова кај теретаните кои ве убедуваат дека ќе се чувствувате подобро ако ги посетувате бидејќи инвестирате во вашето здравје.

11. Негативно чувство кон себе

Во овој случај би требало да се чувствувате лошо во врска со себе ако не направите нешто. На пример полицијата може да му рече на осудениот дека ако не се предаде ќе се чувствува виновно до крајот на животот.

12. Позитивни карактеристики

Ако сте добра личност, ќе направите одредено нешто. На пример банките ви кажуваат дека сте интелигентни, па затоа најдобро е да го потпишете долгорочниот план со нив.

13. Негативни карактеристики

Само лошите/глупавите луѓе прават одредени работи. На пример ве убедуваат дека само глупавите луѓе стануваат зависници од дрога или не одат на факултет.

14. Алтруизам

Бидејќи сте премногу добра личност, треба да направите услуга некому. На пример, некој ви бара пари, истовремено кажувајќи ви дека сте многу добра личност и дека навистина му е потребна помош.

15. Позитивно мислење на другите

Ако направите одредено нешто, другите ќе имаат подобро мислење за вас. На пример некој ве убедува дека ќе добивате повеќе почит ако прифатите некој договор.

16. Негативно мислење на другите

Ако направите одредено нешто, луѓето ќе мислат дека сте лоша личност. На пример ќе ве убедат дека не сакате вашите пријатели и семејството да мислат дека сте неуспешна личност.

Прочитајте и на кои начини медиумите манипулираат со нашето мислење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар