15 начини да го отворите вашето срце и да ја пронајдете безусловната љубов

15 начини да го отворите вашето срце и да ја пронајдете безусловната љубов

Љубовта е полна со чуда. Без разлика каква е вашата дефиниција за љубов, таа може да го натера вашето срце да прозбори и да направи конекција со другите. Кога љубовта е присутна, понекогаш воопшто нема потреба од вербална комуникација.

15 начини да го отворите вашето срце и да ја пронајдете безусловната љубов

Но, емоционалните блокади кои се скриени зад стравот, болката, страдањето, скршеното срце и болестите, ве спречуваат да љубите безусловно. Им дозволувате на овие нешта да ја ограничат вашата способност за љубење. Многу луѓе не знаат што е љубов и не знаат како да ја изразат. Токму поради тоа добро е да знаете како да го отворите вашето срце.

1. Комуницирајте со природата

Во природата нема хаос, нема збунетост и нема болка. Постојат само мир, поврзаност и љубов. Првиот чекор за отворање на срцето е воспоставување конекција со природата и сите нејзини творби. Ова е место на коешто можете да се приземјите и да се ослободите од негативната енергија.

2. Останете во сегашниот момент

На овој начин си овозможувате да се фокусирате на вашето дишење кое ве поврзува со вашето повисоко јас. Кога сте поврзани со вашето повисоко јас, го отворате вашето срце кон љубовта. Живеењето во сегашниот момент е нешто што може веднаш да ви го подобри расположението и погледот кон светот.

3. Бидете мирни

Тишината ве поврзува со вашето внатрешно знаење. Ве повикува да се одделите и да бидете набљудувач на она што се случува во и надвор од вас. Медитацијата е еден начин да бидете мирни. Додека размислувате, ќе сфатите дека вашите мисли доаѓаат и си одат. Кога ќе сфатите дека вие не сте вашите мисли, вашето срце ќе се чувствува посигурно. Ова ќе го поттикне да се отвори кон љубовта.

4. Правете нешто што го сакате

Кога правите нешто што ви причинува задоволство, времето ви минува брзо. Можете цел ден да го правите тоа и да не почувствувате замор. Ова значи дека вашата работа доаѓа од срцето. Кога правите нешто што навистина сакате, вашето срце се отвора, вашата душа сјае, а вие сте полни со енергија.

5. Почитувајте го дишењето

Вашето дишење е она што ве носи во сегашниот момент. Кога ќе почувствувате дека сте надвор од рамнотежа, застанете и вдишете длабоко. Преку свесното дишење ќе се сетите дека сте личност родена за љубов.

6. Поврзете се со вашето племе

Вашето племе може да биде вашата група пријатели или луѓе кои ве гледаат онакви какви што сте без да ви судат. Вие вибрирате на иста фреквенција, и токму поради ова се чувствувате удобно и сигурно. Кога се дружите со овие луѓе, вие сте во рамнотежа со вашата вистинска природа. Ова му помага на срцето да се отвори.

7. Пробајте терапија со бои

Терапијата со бои делува преку визуализација. Најдете некое мирно место, сместете се удобно и фокусирајте се на вашето срце. Вдишете длабоко неколку пати додека ја визуализирате првата боја што ќе ви дојде. Верувајте во вашиот внатрешен водич бидејќи ќе ви ја покаже бојата на аурата на која ѝ е потребна рамнотежа и лекување.

8. Водете дневник

Пишувањето во дневник ќе ви помогне да ги процесирате мислите и емоциите. Овде можете да ја „истурите“ целата емоционална збунетост и болка. Кога ќе ги ставите на хартија нештата што повеќе не ви се од корист, ќе ги гледате работите појасно. Кога ќе имате бистар ум, полесно ќе се отворите и ќе бидете свесни за љубовта околу вас.

9. Бидете искрени

Без разлика на вашите околности, вие имате некаква улога во нечиј живот. Многу често луѓето сакаат да ја играте улогата што ја очекувате. Кога глумите против ваша волја, вие не сте автентични. Во овие ситуации имате избор – или ќе ги разочарате другите, или ќе си наштетите самите. Не заборавајте дека вистинската љубов се појавува само кога сте искрени кон себе.

10. Поставете здрави граници

Поставувањето граници не значи да им ја затворите вратата на другите луѓе. Напротив, тоа е првиот чекор за покажување сочувство. Кога поставувате граници вие се сочувствувате со себе, си го давате она што ви е потребно за да останете здрави и способни за љубов. Штом ќе развиете сочувство за себе, ќе можете да го правите тоа и за другите луѓе.

11. Кажувајте ја вашата вистина

Кога сте автентични, вие го кажувате она што го мислите. Ги правите нештата што ви се важни без разлика како им изгледаат на другите. Никогаш немојте да се плашите да бидете поинакви. Кога сте сигурни во себе и покрај критиките, луѓето полека ќе почнат да ви покажуваат почит, па дури ќе бидат инспирирани и тие да ја кажуваат нивната вистина.

12. Давајте им љубов на сите на коишто им треба

Кога праќате љубов, вашиот фокус е на неа. Колку повеќе се фокусирате на љубовта, толку повеќе таа ќе се појавува во вашиот живот. Посипете ги саканите со љубов со тоа што ќе ги замислите како стојат пред вас. Можете да им пратите љубов дури и на непознати, па и на луѓе кои ве повредиле. Љубењето е најбрзиот начин за исцелување и подигнување на вибрацијата.

13. Слушајте го вашето срце

Самолекувањето започнува со слушање на вашето срце. Одвојте време за себе и внимателно слушајте ги пораките. Дозволете си да најдете сигурност на ова мирно место.

14. Следете го вашиот благослов

Кога го следите вашето срце, го следите вашиот благослов, вашата страст која ве насочува кон животната цел. Без разлика која е вашата страст, нејзиното јадро е љубовта. Па, следење на благословот е најлесен начин да се пронајдете себеси и да најдете љубов.

15. Практикувајте безусловна љубов

Безусловната љубов е место каде што се наоѓаат почитта и честа. Ова е љубов кон некого без разлика на неговите слабости, недостатоци, па дури и рамнодушност. Но, безусловната љубов не треба да биде нешто со коешто луѓето ќе ве искористуваат. Морате да имате доволно самопочит за и другите да се однесуваат исто кон вас. Покажете ја безусловната љубов без толеранција или барање одобрување од кој било. Едноставно сакајте со целото срце. Дајте му љубов на целиот свет.

Погледнете и како да му покажете безусловна љубов на вашиот партнер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар