Рецепт на денот: Наједноставната крем торта со кафен шеќер

Овој рецепт целосно ќе ви го промени животот!

Потребни состојки:
  • 250 грама црно чоколадо
  • 2 лажички кафен шеќер
  • 600 милилитри слатка павлака
  • 1 лажичка смелен цимет
Начин на подготовка:

Искршете го чоколадото и ставете го во лонец со дупло дно или во мал сад што ќе го поставите врз тенџере со врела вода. Потоа посипете го шеќерот, ставете 200 милилитри од слатката павлака и оставете да се стопли на пареа, околу 15 минути. Тргнете го од оган, добро промешајте и оставете малку да се олади, односно почекајте додека смесата не стане млака.

Земете една тава за правење торти и обложете ја со хартија за печење. Останатата слатка павлака изматете ја заедно со циметот. Кога ќе добиете лесен и мек крем, додајте го оладеното чоколадо и полека мешајте додека двете мешавини не се поврзат. Префрлете го добиениот крем во тавата, израмнете ја површината и оставете го да отстои преку ноќ во фрижидер.

Пред послужување, само превртете ја тавата над чинија и внимателно тргнете ја хартијата за печење. По потреба, израмнете ја површината. Декорирајте со чоколадо и просејте какао во прав.

Пробајте го и овој едноставен рецепт за палачинки од компири.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар