15 мали нешта што ги прават силните парови во здрава љубовна врска

Мислиме дека штом ќе се вљубиме, врската сама ќе функционира и ќе остане иста како и на почетокот. Мислиме дека можеме да уживаме во сите придобивки од врската без да вложиме во неа. Но, врските не функционираат на овој начин и ако не се грижите за нив, со текот на времето се распаѓаат. Погледнете ги 15-те нешта што ќе ви овозможат вашата врска да остане силна и здрава.

15 мали нешта што ги прават силните и здрави парови

1. Важните вести споделувајте ги прво со партнерот

Секогаш кога имате нешто важно за споделување, прво кажете му го тоа на партнерот. Комуникацијата и споделувањето се важни настани во вашите животи и ја зајакнуваат интимноста. Со ова ќе покажете дека се гледате како тим и дека сакате да биде покрај вас за важните настани.

2. Покажете благодарност и наклонетост кон партнерот

Одвојте време и заблагодарете му се на партнерот за неговиот труд за врската. Покажете ја благодарноста и наклонетоста секогаш кога можете. Ова ќе направи партнерот да се чувствува ценето.

3. Имајте заеднички хобија и активности

Обидете се да најдете креативен начин да се поврзете еден со друг. Наместо да излегувате на кафиња и на пијачка, најдете хоби или активност што можете да ја правите заедно.

4. Најдете повисока цел

Паровите кои имаат заедничка повисока цел имаат поголеми шанси за успешна, исполнувачка и долга врска. Наместо да играат игри за внимание, здравите парови ги посветуваат нивните време и енергија и работат за некоја поголема цел.

5. Останете автентични и реални еден со друг

Ако не можете да бидете вистинската личност којашто сте со вашиот партнер, тогаш со кого би биле? Здравите парови си даваат простор за автентичност. Секогаш се искрени и реални еден кон друг.

6. Работете напорно за врската

Вистинската љубов бара труд и љубезност дури и кога не ви е дојдено до тоа. Успешните парови се свесни за ова и напорно работат на нивната врска.

7. Поминувајте квалитетно време заедно

Не е важен само квантитетот туку и квалитетот на времето што го минувате заедно. Дајте си го целото внимание кога сте заедно и внимателно слушајте се еден со друг. Ценете го времето поминато заедно и секогаш наоѓајте време за партнерот.

8. Охрабрувајте се

Љубовта е прекрасна заедница во која двајца си помагаат да го достигнат својот потенцијал без да ја изгубат својата индивидуалност во процесот. Потребно е секогаш да му давате признание и да го охрабрувате партнерот. Во здравата и зрела врска, и двајцата партнери си даваат простор за исполнување на судбините. Работат на развивање на нивните таленти, минуваат време сами, ги следат нивните цели и соништа и се враќаат во заедницата за да ги споделат подароците и да се грижат еден за друг.

9. Прифатете се онакви какви што сте

Вистинската љубов бара да го прифатите партнерот онаков каков што е. Успешните парови не се обидуваат да се менуваат, туку се сакаат онакви какви што се. Мотивирајте го партнерот да созрева, но не затоа што не е доволно добар за вас, туку затоа што сакате да биде најдобрата верзија од себе и му го посакувате само најдоброто.

10. Справувајте се конфликтите како возрасна личност

Сите сме различни и не постојат ни двајца што размислуваат потполно исто. Па, сосема нормално е да имате различно мислење од партнерот и да се расправате. Она што е важно е како ќе се справите со овие конфликти. Немојте да го навредувате партнерот или да барате недостатоци кај него. Наместо тоа отворете го умот и најдете решение што ќе одговара и за двајцата.

11. Бидете трпеливи и добри еден кон друг

Луѓе сме и нормално е да правиме грешки. Успешните парови се свесни дека никој не е совршен и се обидуваат да бидат што е можно потрпеливи едни со други.

12. Разберете ги вашите емоции пред да делувате според нив

Кога имате наплив од емоции, понекогаш погрешно ја проценувате реакцијата и претерувате со реагирањето. Успешните парови ги набљудуваат нивните емоции пред да ги покажат на нездрав начин. Немојте да реагирате импулсивно. Дајте си време за размислување пред да дадете одговор.

13. Разберете дека љубовта е и разделување

Често стануваме зависни од партнерот и го обвинуваме за нашата среќа и за начинот на којшто се чувствуваме. Но, вистинскиот потенцијал на врската потекнува од луѓе кои преземаат целосна одговорност за нивните животи. Успешните парови знаат дека љубовта е и разделување и тие созреваат заедно наместо да се трошат еден со друг.

14. Станете најдобар пријател со партнерот

Еуфоријата од почетокот нема да трае засекогаш. Она што ги тера паровите да останат заедно се компатибилноста, интимноста и пријателството. Успешните парови се најдобри пријатели. Тие навиваат еден за друг и се искрени критичари. Се поддржуваат како најдобрите пријатели и секогаш се овде еден за друг.

15. Разберете ги вашите јазици на љубовта

Секоја личност ја покажува љубовта на различен начин. Како што личноста ја покажува љубовта, така очекува и да ја добие, но луѓето често забораваат да земат предвид дека јазикот на љубовта на партнерот е можеби поразличен од нивниот. Успешните парови ги разбираат нивните јазици на љубовта и умешно ги користат во комуникацијата.

Погледнете и кои се грешките што ги прават сите во првата долга врска.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар