Сексуална астролошка компатибилност: Близнаци и Близнаци

Сексуална астролошка компатибилност: Близнаци и Близнаци

Оваа комбинација може да има премногу влијание од Меркур на едно место. Близнаците по природа се многу расеани, раштркани и насекаде присутни со умот во исто време. Тие или ќе бидат совршени еден за друг или нема воопшто да си одговараат.

Сексуална астролошка компатибилност: Близнаци и Близнаци

Во астрологијата, планетата Меркур се поврзува со комуникацијата, изразувањето и менталната стимулација. Двајцата Близнаци ќе можат набрзина да се договорат за сѐ, вклучувајќи го и сексот. Тие ќе искусат многу стимулирачки разговори и моќна сексуална поврзаност, која ќе ги остави и двајцата без здив. Нивната врска ќе биде или одлична или ужасна, а тоа во целост ќе зависи само од нив двајца.

Ова љубовно дуо од многу аспекти претставува одлична љубовна комбинација, но стабилноста помеѓу нив може да биде проблем, бидејќи ниту жената Близнаци, ниту мажот Близнаци не се доволно истрајни и трпеливи за да можат да бидат посветени на што било. Сепак, тие го делат талентот за комуникација и ако некој од страна има можност да ги слуша додека се на состанок, ќе забележи дека нема да прекинат со зборувањето и озборувањето.

Сексуално, работите треба да се одвиваат лесно, бидејќи и двата знака имаат поголема потреба од ментален секс, во однос на физичкиот. Тие заедно ќе уживаат во сексот преку телефон, ќе разменуваат експлицитни имејл пораки и ќе си оставаат еротични љубовни пораки на лист хартија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар