15 лоши работи што се добри за вашето дете

15 лоши работи што се добри за вашето дете

Вашата задача како родител е да ги заштитите вашите деца од разни повреди и трауми, но прекумерната заштита може да има спротивен ефект и може да направи само повеќе штета. Авторот на книгата „Како да пораснете возрасен“, Џули Литкот-Хајмс, тврди дека допуштањето на децата да доживеат неуспех е клучно во осамостојувањето и во подготвеноста да се справат со разочарувањата што се неизбежни во животот. Таа направила список на лоши настани што треба да дозволите да се случат, а тие ќе му помогнат на вашето дете да стане поотпорно и поцврсто.

15 лоши работи што се добри за вашето дете

1. Да не е покането на роденденска забава

2. Смрт на домашно милениче

3. Кршење вредна вазна

4. Да гледа како овенуваат растенијата што ги насадило

5. Да не може да оди на претстава или во кино затоа што сите билети се продадени

6. Да биде казнето

7. Да не го гледа омилениот цртан филм затоа што ѝ помага на бабата

8. Паѓање, повредени колена

9. Да биде обвинето за нешто што не го направило

10. Откажан настан затоа што некој друг се однесувал лошо

11. Да биде удрено од друго дете

12. Одземете му нешто што сака

13. Да жали за нешто што не може да се врати или да се поправи

14. Другарите не го викнале да си играат

15. Да биде избрано последно во тимот или во групата

Она што вие како родители можете да го направите е да го утешите и да го охрабрите детето да размислува за следните чекори. Иако родителите имаат нагон да ги заштитат своите деца, дозволете им да сфатат дека можат да се справат со непријатноста, да пронајдат решение и да продолжат понатаму.

Прочитајте кои 6 способности децата ќе ги развијат подобро надвор од училницата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар