13 одлични трикови за подобар изглед на вашите гради

13 одлични трикови за подобар изглед на вашите гради

Една од најбараните пластични операции е зголемувањето на градите. Но, оваа процедура не е многу безбедна. За среќа, постојат други трикови кои ќе ви помогнат да го подобрите изгледот на вашите гради.

1. Контурирање за поголеми гради

13 одлични трикови за подобар изглед на вашите гради

Добрата шминка може да направи чуда. Со неа можете визуелно да ги зголемите вашите гради, и тоа за 2 броја. Сè што ви е потребно е коректор во потемна боја од бојата на вашата кожа, камена пудра и хајлајтер.

  • Подигнете ги градите и контурирајте над нив. Нанесете малку коректор и под линијата на клучните коски.
  • Нанесете хајлајтер на отворените делови од деколтето.
  • Повторете ги контурите со потемна камена пудра. На отворените делови нанесете само хајлајтер. Добро поврзете ги боите.
  • На крај нанесете спреј за фиксирање на шминката.

2. Сами направете градник за фустан со гол грб

13 одлични трикови за подобар изглед на вашите гради

За да го сокриете вашиот градник ќе ви бидат потребни конец, игла, ножици, ластик и стар градник. Исечете ги деловите од градникот со куки. Зашијте ги на рабовите на ластикот. Потоа прикачете го ластикот на градникот што ќе го носите. Погледнете ги видео инструкциите.

3. Масажа за зголемување на градите

13 одлични трикови за подобар изглед на вашите гради

Масажата може да ви помогне во зголемувањето на градите. Ќе ви ја подобри и циркулацијата на крвта и ќе го зголеми нивото на хормонот окситоцин. Овој хормон ги намалува ПМС симптомите и го намалува ризикот од рак на дојка.

4. Градник со „Х“ форма

13 одлични трикови за подобар изглед на вашите гради

Овој трик ќе ви помогне да ги сокриете прерамките кога носите маичка со прерамки, но и ќе направи вашите гради да изгледаат поголеми. Ако градникот има прерамки што се вадат, едноставно наместете ги вкрстени. Ако тие се зашиени, спојте ги со спајалица на задниот дел.

5. Сокријте ги стриите со алое вера

13 одлични трикови за подобар изглед на вашите гради

Алое верата може да ви помогне во борбата против стриите. Едноставно нанесете ја на проблематичните места, оставете да делува 10-15 минути и исплакнете со вода. Повторувајте секој ден и ќе ги намалите несовршеностите на кожата.

6. Трик за градник без прерамки

13 одлични трикови за подобар изглед на вашите гради

Ако постојано ви паѓа градникот кога го носите без прерамки, има трик и за тоа.

  • Облечете го градникот, извадете една прерамка и повлечете ја напред под градите.
  • Прицврстете ги краевите на двете страни од позади.
  • Затегнете ако има потреба
  • Погледнете ги видео инструкциите.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар