12 трикови за убавина што ги прават Французинките неверојатно шармантни

12 трикови за убавина што ги прават Французинките неверојатно шармантни

Во секоја држава, жените си имаат тајни коишто им помагаат да останат млади и убави. Французинките се познати по нивниот природен шарм и успеваат и на 42-годишна возраст да изгледаат како да се во нивните 20-ти. Се разбира, нема универзални совети што ќе им одговараат на сите, но Французинките дефинитивно имаат неколку навики што сигурно ќе сакате да ги пробате.

1. Не користат контурирање

12 трикови за убавина што ги прават Французинките неверојатно шармантни

Французинките не го сакаат контурирањето бидејќи ги крие нивните природни карактеристики на лицето и изгледа неприродно. Тие сакаат да нанесат малку бронзер на образите, за да изгледаат свежо и блескаво.

2. Не им пречи несовршеноста

12 трикови за убавина што ги прават Французинките неверојатно шармантни

Ако добро погледнете некоја Французинка и нејзиниот стил, ќе сфатите дека секоја од нив сака малку неред. Можеби тоа ќе биде нивната коса, модните додатоци како шаловите, или пак начинот на којшто е сошиена нивната облека. Ова им овозможува да изгледаат слободно и како да не им треба ништо посебно за да изгледаат убаво.

3. Преферираат црвени усни

12 трикови за убавина што ги прават Французинките неверојатно шармантни

Секогаш можете да го освежите вашиот изглед со црвен кармин. Жените од Париз се навистина убедени во ова. Без разлика каков е вашиот стил, без разлика дали носите искинати фармерки или фустан, црвениот кармин ќе го подобри секој изглед.

4. Не прават француски маникир

12 трикови за убавина што ги прават Французинките неверојатно шармантни

Вистинските Французинки никогаш не прават „совршен маникир“ за кој се потребни многу часови. Ова праќа порака дека сте потрошиле многу време и пари, на нешто навистина мало. Најпопуларниот маникир кај овие жени се кратки нокти со провиден лак, или без лак. Истото важи и за педикирот.

5. Имаат тајна за стилизирање на косата

12 трикови за убавина што ги прават Французинките неверојатно шармантни

Французинките не сакаат да ја оштетуваат нивната коса и не користат фен или пегла секојдневно. Најчесто користат поскапи продукти, како маска за коса, масло за коса, но и четка за коса направена од природни материјали. Тие едноставно ја мијат нивната коса и ја сушат природно, а следниот ден, кога ќе стане помека, ја стилизираат.

6. Нивниот несесер не е полн со продукти за убавина

12 трикови за убавина што ги прават Французинките неверојатно шармантни

Французинките најчесто имаат само два кармина – еден во неутрална боја и еден црвен или со друга посилна боја за вечерно излегување. За сјај на кожата користат светла пудра, но не ја нанесуваат одново на секој час. На овој начин лицето изгледа поприродно. На очите нанесуваат само маскара, а навечер додаваат малку сенка за зачаден, неуреден изглед. Сенката не мора да биде совршено нанесена.

Па, во нивните несесери се наоѓаат најмногу 6 продукти – добра пудра, камена пудра со сјај, маскара, ајлајнер и 2 кармини. Пробајте ја оваа идеја.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар