11 вистини за врските што никој нема да ви ги каже

Не се сите врски успешни, па затоа е добро да знаете некои работи што ќе ви помогнат полесно да се справите со раскинувањето. Ова се некои вистини што никој нема да ви ги каже, но добро е да ги знаете.

11 вистини за врските што никој нема да ви ги каже

1. Не можете да натерате некој да чувствува нешто што не го чувствува. Не е важно каква моќ мислите дека имате, едноставно не можете да го присилите да покаже емоции што едноставно не ги чувствува.

2. Знаете точно како се чувствувате во врска со некоја личност. Но, се плашите дека емоциите може да излезат на виделина и се плашите од тоа што може да се случи.

3. Обрнете внимание на тоа кој вистински се грижи за вас. Ако забележите дека некоја личност се труди да ве разбере, обидете се да ја задржите во вашиот живот.

4. Времето не ги лекува сите рани. За да ги излечите раните, мора да ги прифатите околностите и да преземете одговорност за вашите постапки. Времето е само јаготката на шлагот.

5. Ако барате помирување, треба да знаете што значи тоа за вас. Кога сте навистина подготвени да простите некому, треба да ги заборавите грешките од минатото. Кога ќе простите некому и ќе одлучите да продолжите напред, треба да заборавите сè што се случило претходно.

6. Постојат некои луѓе во вашиот живот кои можат да се вратат назад и да пронајдат нов простор за постоење. Постојат и некои луѓе кои никогаш не треба да го направат ова. Бидете претпазливи кога и кому му го дозволувате тоа.

7. Иако правилата и очекувањата се корисни во повеќето случаи, понекогаш е најдобро да им дозволите на работите да се одвиваат онака како што се одвиваат. Не ограничувајте го она што сè уште не сте ни почнале да го истражувате.

8. Во ред е ако сè уште го сакате поранешниот партнер, дури и ако не сакате да чувствувате ништо кон него. Но, треба да знаете дека можеби ќе се чувствувате така уште многу долго време и не можете да направите ништо за да го смените тоа.

9. Луѓето не се менуваат, но растат. Учат, се развиваат и се приспособуваат на промените.

10. Никогаш веќе нема да биде тоа што било, колку и да посакувате да биде. Едноставно нема. Но, тоа не значи дека промените не се добри, колку и да ви изгледа тоа поинаку.

11. Вие сте одговорни за она што ви се случува. Дури и ако некој направи нешто лошо, сè потоа е сепак ваша одговорност. Престанете да ги користите туѓите грешки како изговор за вашето лошо однесување.

Прочитајте ги и овие 25 сурови вистини за љубовта и за привлечноста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар