11 работи кои ги правите за да ги задоволите другите, а притоа заборавате на вашите потреби

Живот е искуство. Секоја ситуација низ која ќе поминете, без разлика дали е добра или лоша, ви носи некаква лекција и незаборавно искуство. Токму поради нив подоцна се освестувате и знаете што сакате во вашиот живот, а што не. Затоа и животот е чудо. Убаво е кога мислите на другите, убаво е кога другите се чувствуваат пријатно покрај вас, но имајте на ум дека луѓето ќе ве ценат онолку колку што вие се цените себеси. Затоа застанете на момент, размислете дали ги правите овие работи и обидете се понекогаш да се ставите пред другите.

1-11-raboti-koi-gi-pravite-za-da-gi-zadovolite-drugite-a-kade-ste-vie-vo-seto-toa-www.kafepauza.mk_

1. Не знаете како да прекинете лоша врска. Не сакате никого да повредите или пак да ве мразат. Подобро да трпите.

2. Се извинувате за сѐ. Се извинувате и за она што не е ваша вина. Мразите кога луѓето се чувствуваат лошо, па секогаш им го местите вашиот грб за да се качат на него.

3. Не знаете да кажете „Не“. Дури и ако имате настинка, одите на работа. Дури и кога не сте спиеле цела ноќ, излегувате со пријателите. Правите сѐ за да ги усреќите другите.

4. Немате време за себе. Токму поради претходните 3 точки, вие никогаш немате време за себе. Постојано сте во брзање, а ги цените другите луѓе дури повеќе и од себе.

5. Размислувате за лошите работи од минатото. Лути сте им на луѓето кои ја искористуваат вашата добрина, а постојано размислувате за нив и како да им помогнете.

6. Луѓето често ве искористуваат. Знаат дека вие ќе направите сѐ за нив.

2-11-raboti-koi-gi-pravite-za-da-gi-zadovolite-drugite-a-kade-ste-vie-vo-seto-toa-www.kafepauza.mk_

7. Добивате забелешки дека сте слаби. Не разбираат зошто толку се грижите. Не разбираат дека вас ве усреќува тоа кога ги усреќувате другите.

8. Не знаете да бидете себични. Секогаш барате другите да се сложат со вас. Подобро другите да се чувствуваат удобно отколку вие да одите по она што го сакате.

9. Подобро вие да патите отколку да повредите некого. Пред да кажете или да направите нешто се запрашувате што мислат вашите пријатели. Наместо да донесете одлуки врз основа на вашите чувства, вие мислите на сите останати.

10. Останувате во разни односи кои не ве исполнуваат. И понатаму сте во контакт со вашите бивши момчиња/девојки и пријатели, бидејќи не сакате да ги разочарате. Време е да ги пуштите.

11. Вие сте кралици и кралеви на претераното анализирање. Не можете да си помогнете, но секогаш сакате да знаете што мислат другите и да ги задоволите нивните желби. Секогаш размислувате како да го направите тоа, па често заборавате на себе и на вашите потреби.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар