11 начини на кои можете да препознаете дали вашиот партнер е навистина заљубен во вас

11 начини на кои можете да препознаете дали вашиот партнер е навистина заљубен во вас

Повеќето теории за љубовните врски се фокусираат на начинот на кој партнерите се чувствуваат еден за друг, но според бихевиоралниот пристап на Џон Готман, би требало да се фокусирате на надворешните знаци за да можете да ги тестирате чувствата на вашиот партнер. Овој пристап ја следи претпоставката дека однесувањата кои можат да се набљудуваат, во многу случаи, ни овозможуваат силни докази за она што навистина се случува внатре во една личност, без разлика на она што тој или таа го кажува на глас.

11 начини на кои можете да препознаете дали вашиот партнер е навистина заљубен во вас

Погледнете ги наредниве 11 начини според кои теоријата на Готман може да ви помогне при откривање на длабочината на чувствата на вашиот партнер кон вас.

1. Сака да поминува време со вас

Според една неодамнешна студија, желбата да инвестирате време во вашата врска е клучен индикатор за успешна долгогодишна интимност. И покрај тоа што можеби и двајцата сте пренатрупани со домашни и работни обврски, вие сепак секогаш наоѓате време да бидете заедно на само. Токму ова однесување е знак дека сте навистина заљубени еден во друг.

2. Ве прашува како ви поминал денот

Додека сте заедно, дали вашиот партнер ве прашува за вашиот ден и покажува заинтересираност за позитивните и негативните случувања? Паровите ја градат нивната љубов така што ја вежбаат својата поддршка преку одржување на комуникацијата.

3. Ви верува

Партнерите кои навистина се грижат еден за друг целосно ќе си веруваат. Истражувањата покажуваат дека во долгогодишните врски, паровите сакаат да знаат каде се нивните партнери во секое време. Но, тоа не го прават поради стравот дека нивниот партнер ќе направи нешто што не смее, туку едноставно за да не се грижат дека им се случило нешто лошо доколку на пример, им се истроши батеријата на мобилниот телефон и се недостапни.

4. Ви помага кога имате потреба од помош

Кога сте премногу зафатени, најмалку би сакале дополнителни обврски. Но, ако вашиот партнер навистина се грижи за вас и ве сака, нема да му биде воопшто тешко да направи нешто доколку навистина имате потреба од тоа. На пример, ако сте настинати и немате сила да станете од каучот, тој/таа без проблем веднаш ќе истрча до аптека за да ви купи лек.

5. Покажува почит за вашите гледишта

Една неодамнешна студија покажала дека доколку имате здрава љубовна врска, можно е вие и вашиот партнер да бидете на сосема спротивни страни од политичкиот спектар и сепак да бидете среќни заедно со години. Трикот не е во вашите верувања, туку во отвореноста при прифаќањето на перспективите на вашиот партнер. Доколку тој/таа е навистина заљубен/а во вас, тогаш и покрај тоа што не го дели вашето верување за одредена тема, барем ќе биде подготвен/а да ве сослуша во секој момент.

6. Ве вклучува во одлуките

Паровите треба заеднички да одлучуваат за сите одлуки, без разлика дали станува збор за секојдневни нешта како домашните обврски, или пак за посериозни нешта како вложувањето на вашата заштеда. Убаво е доколку секој „специјализира“ за одредени нешта во врската, но сепак подобро би се чувствувале доколку знаете дека вашите погледи и размислувања ќе бидат сослушани и разговарани пред да се донесе одредена одлука.

7. Покажува приврзаност

Паровите во здрава романтична врска не мора да имаат често сексуални односи за да бидат емоционално интимни. Но, сепак не го потценувајте значењето на физичкиот допир. Доволно е тој/таа само да ја потпре раката на вашето рамено за да ви покаже дека навистина чувствува силна поврзаност со вас.

8. Ве набљудува

Невербалните знаци кои партнерите ги споделуваат помеѓу себе ги откриваат нивните најдлабоки чувства. Доколку вашиот партнер гледа во вас додека разговарате или пак, доколку забележите дека тој/таа едноставно без причина ве набљудува, тогаш со сигурност можете да заклучите дека тој/таа ужива во вашето присуство.

9. Сака да разговарате за минатото

Паровите кои заедно ги преживуваат нивните најубави моменти од минатото и тоа го прават на позитивен и поддржувачки начин, ја зацврстуваат нивната врска и во сегашноста и иднината. Доколку вашиот партнер употребува фрази како „Се сеќаваш ли на времето кога…?“ и потоа раскажува одлична приказна од вашето минато (која вие можеби целосно сте ја заборавиле) тогаш со сигурност можете да заклучите дека вие играте важна улога во неговиот/нејзиниот ум.

10. Ве брани вас и вашата врска

Дали вашиот партнер ве брани кога некој друг ве критикува или пак, не застанува на вашата страна и го поддржува оној кој ве критикува? Доколку тој/таа навистина се грижи за вас, тогаш тој/таа ќе ризикува се за вашата добросостојба. Многу истражувања покажале дека врската помеѓу паровите многу се зацврстува доколку тие заедно се борат против надворешни напади.

11. Прави да се чувствувате добро за себе

Партнерот кој навистина се грижи за вас ќе ви помага да ја зголемите вашата самодоверба и чувството за идентитет. Сите ние сакаме да поминуваме време со личности кои ни прават да се чувствуваме добро. Секако ова не значи дека вие секогаш ќе имате прекрасни денови и ноќи и дека никогаш нема да се карате. Но, доколку поголемиот дел од времето тој/таа ја зголемува вашата самодоверба и го подобрува вашето мислење за себе, тогаш не само што ќе сакате да поминувате повеќе време заедно, туку исто така ќе имате повисоко мислење за себе и во оние моменти кога ќе треба сами да се соочувате со одредени ситуации.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар