10 знаци на висок шеќер во крвта кои предупредуваат дека е време за лекарски преглед

Дијабетесот е многу комплициран за контролирање и поради тоа е неопходно да знаете кои се неговите рани знаци. Исто така познат и како шеќерна болест, тој претставува хронично системско нарушување на метаболизмот кое се карактеризира со хипергликемија односно трајно зголемување на нивото на гликоза во крвта.

10 знаци на висок шеќер во крвта кои предупредуваат дека е време за лекарски преглед

Се прашувате зошто доаѓа до покачување на шеќерот во крвта? Ние добиваме гликоза од храната бидејќи поголемиот број производи повеќе или помалку го покачуваат шеќерот. Гликозата најмногу расте од јаглехидратите, мастите па дури и хранливите можат да влијаат на нејзиното ниво. За повеќето луѓе, покачениот шеќер во крвта е природна појава.

Кога ќе изедете нешто слатко или полно со јаглехидрати, вашиот панкреас почнува да произведува инсулин, хормон потребен за обработка на гликозата. Остатоците од гликозата се складираат во црниот дроб, односно во енергетскиот резервоар на телото.

Здравото тело самостојно ја регулира концентрацијата на гликоза во крвта. Меѓутоа, кога е присутен дијабетесот или инсулинската резистенција, телото не може да произведува инсулин во потребната количина, па гликозата не може правилно да се обработи. Прочитајте ги следните симптоми за висок шеќер и откријте дали можеби и вие страдате од оваа болест.

1. Умор – постојана замореност, слабост.

2. Главоболка – хронична болка во главата за која мора да се извести лекарот.

3. Заматен вид – личноста гледа матно, пред очите ѝ „играат“ точки.

4. Често мокрење – вишокот гликоза влијае на бубрезите.

5. Зголемена жед – последица на зачестено мокрење

Останати симптоми: проблеми со концентрацијата, сува уста, зголемен апетит, збунетост, недостаток на воздух, јадеж и лупење на кожата.

Дијабетесот е состојба која е тешка за контролирање. Тоа значи дека колку порано се открие толку поголеми се шансите да се одржи траењето и квалитетот на животот. Па, ако некои од овие знаци на висок шеќер ги откриете кај вашето тело и траат подолго време, не смеете да бидете рамнодушни и ви препорачуваме да направите задолжителен лекарски преглед.

Дознајте и со кои намирници можете да го победите дијабетесот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар