10 знаци кои покажуваат дека вашите родители многу добро ве воспитале

10 знаци кои покажуваат дека вашите родители многу добро ве воспитале

Доброто воспитување на детето е сложен процес на кој секој родител мора да му посвети многу внимание. Дали вашите родители биле успешни во тоа? Дознајте кои се десетте сигурни знаци кои откриваат дека сте добро воспитани.

1-10-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-vashite-roditeli-mnogu-dobro-ve-vospitale-www.kafepauza.mk_

1. Знаете дека трпението е предност

Не мора да добиете сѐ сега и веднаш. Свесни сте колку изреката „трпение-спасение“ е вистинита. Возрасните кои своите родители не ги научиле на трпение во јавноста може да се однесуваат полошо и од добро воспитано тригодишно дете. На пример, кога мораат да го чекаат својот ред во продавницата, па се обидуваат да се туркаат пред оние што стигнале први.

2. Секогаш мислите на другите

Додека разговарате со другите во круг, секогаш се поместувате за личноста која стои зад вас да може да се вклучи во него и да разговара. Притоа, не ги прекинувате другите додека разговараат и не зборувате без пауза подолго од две минути.

3. Свесни сте за вашата околина

Кога излегувате од паркингот и ќе забележите дека некој чека за вашето паркинг место, побрзувате за таа личност да чека помалку.

3-10-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-vashite-roditeli-mnogu-dobro-ve-vospitale-www.kafepauza.mk_

4. Велите „те молам“ и „благодарам“

За ниту едно дете не постои изговор за неучтивоста. Експертите истакнуваат дека родителите мора да бидат свесни за разликата помеѓу срамежливоста и непријатноста и да престанат да смислуваат извинувања за непристојноста на своите деца. Детето мора да научи да каже „те молам“ и „благодарам“ без родителите да го потсетуваат на тоа.

5. Не барате од другите луѓе потврда за сопствените вредности

Лошо воспитаните луѓе прават добри работи само за да се фалат со нив. Добро воспитаните луѓе ќе помогнат некому и на никого нема да кажат за тоа. Нивната желба е да помогнат, а не да добијат внимание.

6. Секогаш го отстапувате вашето место на некоја постара личност или трудница

Во јавниот превоз или чекалната вие знаете дека е пристојно вашето седиште да го понудите на постара личност или на трудница. И секогаш го правите тоа.

7. Не им ја отежнувате работата на другите

Во продавница сте и сте одлучиле дека нешто што сте ставиле во корпата, сепак не ви е потребно? Ќе го вратите тој производ на своето место, а не некаде по пат, каде што ќе ви биде најзгодно.

2-10-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-vashite-roditeli-mnogu-dobro-ve-vospitale-www.kafepauza.mk_

8. Емпатични сте

Тоа значи дека знаете да се замислите во кожата на другите, што денес станува реткост. За емпатија потребни се и имагинација и морална цврстина која на личноста ѝ даваат способност за самоиспитување и проценување на сопствените улоги во одредена ситуација.

9. Ги почитувате постарите

На постарите од себе им се обраќате со Вие, односно со господин или госпоѓа. Тоа би требало да биде дел од основниот бонтон, но на многумина тој им недостига.

10. Знаете да ја признаете сопствената грешка

И знаете кога не сте во право. И знаете да се сложите со другите дека не се согласувате со нешто, без хистерија, расправија, викање или поголема караница. Ќе ја признаете сопствената грешка и ќе се насмеете на тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар