10 знаци дека тој е емоционално недостапен

Терминот „емоционално недостапен“ многу често се споменува во женските разговори за мажите и за жал, најчесто станува збор за точен атрибут. Секако дека постојат и емоционално недостапни жени, но бројот на момците кои не можат да се отворат или врзат се чини дека навистина ги надминува сите граници. Ова се 10-те знаци кои ќе ви покажат дека се гледате со еден од овие момци…

10 знаци дека тој е емоционално недостапен

1. Постојано се жали за неговите поранешни девојки

Секој има багаж поврзан со поранешните партнери, но ако вашето момче зборува како сѐ што тргнало наопаку во врската да било вина на другата страна, тоа е знак на предупредување. Секако дека постои можност навистина да било нивна вина, но исто така е возможно тој да не може да преземе одговорност за она што го направил, што нема да донесе ништо добро за вашата емотивна благосостојба.

2. Нема многу блиски пријатели

Ако тој постојано зборува колку е близок со неговите пријатели, но тука е за нив само кога сѐ е супер, тој не е навистина толку близок со нив. Тоа исто така е знак дека тој најверојатно ќе биде тука за вас само кога сѐ ќе ви оди како подмачкано, но не и во тешките периоди. Тоа воопшто не е во ред.

3. Никогаш не прави сигурни планови со никого

На сите понекогаш ни излегува нешто во животот и мораме да откажеме некои планови, но ова момче постојано ви откажува и никогаш не може да ви даде сигурен одговор дека ќе биде таму каде што сте се договориле. Тој не сака да потроши време на ништо. Тоа сигурно ќе се одрази и на вашата врска.

4. Штотуку излегол од врска

Дури и ако станувало збор за врска од неколку месеци, тоа не значи дека тој ја има преболено и има заборавено на таа личност. И да е сосема малку емоционално недостапен во моментов, тоа не е фер спрема вас.

10 знаци дека тој е емоционално недостапен

5. Веднаш иницира сексуални односи

Ако и вие имате иста намера, тогаш само напред! Меѓутоа, момците кои сакаат да скокнат во кревет 5 минути откако ве запознале, големи се шансите дека се работи за емоционално недостапни личности. Тие немаат проблем со сексот без обврски, туку со одењето полека и зборувањето за вистински важни работи. Имајте го ова на ум и не избрзувајте!

6. Се гледа со вас само тој кога сака

Доколку вашето момче се појавува во ниедно време и сака да муабети, а потоа измислува изговори зошто не може да биде тука за вас кога ви е потребен, дефинитивно станува збор за личност со емоционални проблеми. Не му дозволувајте неговите потреби да ги вреднува повеќе од вашите.

7. Директно ви кажува дека не е подготвен за врска

Можеби по ова ќе следи реченица од типот „Но, би сакал да пробам со тебе“, меѓутоа тој сепак веќе ви кажал дека веројатно не би можел тоа да го направи. Верувајте му!

10 знаци дека тој е емоционално недостапен

8. Перфекционист е од секоја гледна точка

Перфекционистите сакаат сѐ да им биде совршено и оваа опсесија може да премине во следново: „Барам една каква било причина за да не се приврзам за тебе“. Веројатноста е дека тие ќе успеат да ја најдат таа глупава причина и одеднаш ќе исчезнат.

9. Почнува интензивно да се гледа со вас и потоа исчезнува како дух

Можеби физички тој сѐ уште е присутен, но дел од неговиот емотивен или сексуален интерес дефинитивно недостасува. Ако тој не може да биде постојан, веројатноста е дека има проблеми кои не можете да ги решите заедно, затоа што нему му треба терапија.

10. Ви се чини како секогаш да се воздржува, а не знаете зошто

Ова можеби звучи малку општо, но доколку сте биле некогаш со емоционално недостапно момче, точно знаете за што станува збор. Ако ви се чини дека тој постојано сака да каже нешто, а не може или знае дека нешто не е во ред, но сѐ уште не може да ги пронајде вистинските зборови, бегајте што подалеку. Тој не е подготвен да биде со вас.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар