4 тајни со чија помош засекогаш ќе го заробите срцето на Ракот

Воглавно, Раковите имаат лоша репутација. Многу често ги бие глас дека тешко се отвораат, дека се пречувствителни и дека плачат за сѐ и сешто. Но, вистината е дека токму тие длабоки чувства го прават Ракот еден од најдобрите партнери кои би можеле да ги имате. Никој нема да се грижи за вас онака како што тоа ќе го направи Ракот. Тие сакаат со целото свое срце и ако навистина им се погоди партнерот, нивната љубов трае вечно. Во постелата тие се незаменливи, особено ако емотивно се поврзат со партнерот. На некој начин, некои би рекле дека не е толку тешко да направите Ракот да се вљуби во вас. Сѐ што треба е да се појавите и да покажете искрена желба за вечна љубов. Секако дека работите не се толку едноставни, па така имајте ги следниве работи на ум доколку сакате да го задржите Ракот во вашиот живот…

4 тајни со чија помош засекогаш ќе го заробите срцето на Ракот

1. Бидете трпеливи

Раковите сакаат да бидат сакани, но не сакаат да бидат повредени. Токму поради тоа, тие создаваат ѕид околу себе. Жестоко се заштитуваат себеси од болката, бидејќи ја чувствуваат многу подлабоко од останатите хороскопски знаци. Ако сакате засекогаш да ја придобиете нивната љубов, бидете трпеливи. Раковите сакаат да се вљубуваат, но потребно им е време за да сфатат дали тоа е она вистинското. Ова може да биде збунувачки на моменти, но вреди да преминете преку таа конфузија.

2. Често гушкајте ги

Раковите обожаваат гушкање. Тоа не мора да биде на сексуален начин. Доволно е да им ја допрете раката додека зборувате, да им ја помилувате косата или да ги потапкате по грбот. Овие физички знаци ги потсетуваат дека сте тука за нив и дека нема да ги напуштите. Прегратките ќе го задржат Ракот во ваше присуство.

4 тајни со чија помош засекогаш ќе го заробите срцето на Ракот

3. Почитувајте го нивниот простор

Ракот ќе ве сака до месечината и назад, но треба да чувствува и слобода дека може да се тргне понекогаш од вас, како и од сите останати. Раковите се вистински интроверти. За да го извлечат најдоброто од себе, ним им е потребно да поминат време сами читајќи или гледајќи ја омилената серија.

4. Бидете старомодни

Сите Ракови ја обожаваат романтиката. Тие можеби ќе се обидат да се преправаат дека не се романтичари, но факт е дека сакаат мали, традиционални знаци на внимание. За женските припаднички на знакот не заборавајте да купите цвеќиња. Напишете му на момчето Рак поема или направете му плејлиста со вашите омилени песни. Нема да погрешите и засекогаш ќе го освоите нивното срце!

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар