10 трикови што ќе ви помогнат да ја контролирате желбата за храна без да се чувствувате гладни

Диетите може да бидат многу тешки, одземаат многу време и веројатно многу почесто се чувствувате гладни. Но, постојат одредени трикови што може да ви помогнат да ја контролирате желбата за храна во текот на денот.

1. Јадете повеќе зачинета храна

10 трикови што ќе ви помогнат да ја контролирате желбата за храна без да се чувствувате гладни

Посипете малку лут зачин на вашата омилена храна или исечкајте пиперки. Ова е многу едноставен трик што го засилува вкусот на храната и ви помага да го намалите чувството на глад. Консумирањето црвена пиперка може да ви помогне да го контролирате апетитот и да согорите повеќе калории по оброкот, особено ако не консумирате зачини редовно.

2. Пијте од висока чаша

10 трикови што ќе ви помогнат да ја контролирате желбата за храна без да се чувствувате гладни

Пијалаците што содржат шеќер не се препорачуваат кога сте на диета. Но, ако не сакате да се откажете од вашиот омилен пијалак, тогаш пијте од помали, повисоки чаши бидејќи така ќе се чувствувате како да сте пиеле повеќе. Додајте неколку коцки мраз за чашата да изгледа уште повеќе полна.

3. Уживајте во нането

10 трикови што ќе ви помогнат да ја контролирате желбата за храна без да се чувствувате гладни

Мирисот и вкусот на нането може да ви помогнат во намалувањето на вишокот килограми бидејќи тоа ќе ви помогне во борбата против желбата за храна што може да ја имате во текот на денот. За да го намалите претераното консумирање грицки, купете свеќа со мирис на нане или консумирајте вкусен чај од нане во текот на денот.

4. Јадете со недоминантната рака

10 трикови што ќе ви помогнат да ја контролирате желбата за храна без да се чувствувате гладни

Можеби е предизвик, но јадењето со „погрешната“ рака ќе ве натера да јадете побавно, а со тоа ќе го намалите гладот и ќе го зголемите нивото на задоволство помеѓу оброците.

5. Купете чинии во боја

10 трикови што ќе ви помогнат да ја контролирате желбата за храна без да се чувствувате гладни

Едно истражување сугерира дека контрастот на боите помеѓу вашата храна и чинијата е клучен за да јадете помалку. И покрај тоа што причината сè уште не е јасна, некои истражувања откриле дека луѓето што јадат од црвени чинии јадат помалку, независно од бојата на храната.

6. Купете помали чинии

10 трикови што ќе ви помогнат да ја контролирате желбата за храна без да се чувствувате гладни

Ако ставате премногу храна во чинијата, голема е веројатноста дека ќе се прејадете. Според истражувањето, дури и експертите за исхрана служеле 31% повеќе храна во големите чинии, без да бидат свесни за тоа. Очигледно, внесената количина храна зависи од чинијата од којашто јадете. Затоа, подобро е да купите уште неколку мали чинии.

7. Завршете го оброкот со нов вид слатко задоволство

10 трикови што ќе ви помогнат да ја контролирате желбата за храна без да се чувствувате гладни

Сите луѓе сакаат благо и не можат да го дочекаат десертот. Но, десертите не се вклопуваат премногу во диетата, па обидете се да се засладите на поинаков начин, на пример со чаша сладок чај по вечерата.

8. Започнете го секој оброк со чаша вода

10 трикови што ќе ви помогнат да ја контролирате желбата за храна без да се чувствувате гладни

Симптоми на дехидрираност може да бидат оние што предизвикуваат кркорење на цревата наместо вистинскиот глад. Консумирањето многу вода и чај од билки ќе ви помогне да се чувствувате сити во текот на денот. Можете да пиете вода колку сакате без да се грижите за калориите.

9. Додајте зеленчук во вашите оброци

10 трикови што ќе ви помогнат да ја контролирате желбата за храна без да се чувствувате гладни

Лесен начин за намалување на калориите е да ги пополните оброците со многу зеленчук. Наместо да ја наполните целата чинија со месо, потрудете се барем едната половина да ја наполните со зеленчук.

10. Ставете ги јаглехидратите на врвот наместо на основата

10 трикови што ќе ви помогнат да ја контролирате желбата за храна без да се чувствувате гладни

Зрнестите производи го зголемуваат нивото на шеќер во крвта по оброкот, што доведува до зголемување на телесната тежина. Затоа, размислете повторно за начинот на кој ги користите. На пример, наместо да го започнете денот со гранола, наполнете ја чашата со јогурт и потоа посипете само мала количина гранола на врвот.

Погледнете ги овие 5 едноставни чекори за целосно исфрлање на глутенот од исхраната.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар