10 совети кои ќе ви помогнат да ја усовршите употребата на обратната психологија

10 совети кои ќе ви помогнат да ја усовршите употребата на обратната психологија

Обратната психологија е многу ефективна техника со чија помош можете да ги натерате луѓето да прават што сакате. Сѐ што треба да им кажете е спротивното од она што го посакувате. Звучи примамливо, нели? Прочитајте ги следниве 10 совети кои ќе ви помогнат да ја усовршите оваа корисна психолошка техника…

10 совети кои ќе ви помогнат да ја усовршите употребата на обратната психологија

1. Методот има поголем ефект кај луѓе кои даваат отпор и мразат кога некој им кажува што да прават.

2. Емотивните, претерано самоуверените и нервозните луѓе исто така полесно подлегнуваат на обратна психологија.

3. Предизвикајте ја другата личност и инсистирајте на аргумент спротивен од она што сакате да постигнете. Обидете се да ја наведете личноста да помисли дека одлуката зависи само од неа.

4. Останете смирени додека употребувате обратна психологија, особено кога се работи за деца.

5. Секогаш имајте ја на ум крајната цел.

6. Кажете го спротивното од она што го сакате со рамен и смирен тон на гласот.

7. Кога се обидувате да освоите некој кој сака да бидете само пријатели, кажете им дека се согласувате и дека не сакате ништо друго освен нивното пријателство.

8. Можете дури и да поставите предизвик: „Ај дека не можеш да стигнеш на време!“.

9. Морате да звучите уверливо. Кажете си го тоа неколку пати во себе, пред да го кажете на глас.

10. Внимавајте на кого ја употребувате оваа техника и никогаш не ја употребувајте во сериозни ситуации. Обратната психологија може да постигне спротивен ефект ако не ја користите како што треба, така што никогаш немојте да претерате или да ја користите премногу често. Во спротивно може да бидете етикетирани како манипулатор.

За крај, потсетете се на оваа постаро видео кое прикажува точно како функционира обратната психологија…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар