10 совети како подобро да се запознаете самите себе

10 совети како подобро да се запознаете самите себе

Секој од нас има свој животен пат, пат кој честопати знае да биде тежок и исцрпувачки. Пат полн со болка, патење и незадоволство, но како што знаеме, секоја приказна има две страни, па така и тој наш пат знае да биде исполнет и со прекрасни работи. За тоа каков ќе биде нашиот пат зависи од тоа како ние самите гледаме на него. Секој поединец има различен поглед на светот и на работите кои го опкружуваат. Тој поглед се темели на нашите уверенија и искуства и се формира низ растењето, поточно секогаш може да се прошири и измени. Ништо во животот не е статично и секој поглед на светот е ваше сопствено уметничко дело.

4-10-soveti-kako-podobro-da-se-zapoznaete-samite-sebe-www.kafepauza.mk_

Ако се чувствувате како да сте изгубени и на погрешен пат, имајте на ум дека тоа е нормално. Сите ние во животот имаме таканаречени мрачни фази во кои се бараме себеси. За навистина да се пронајдете, односно подобро да се поврзете со самите себе е потребено малку време, трпение и многу љубов, но на крајот се исплати. Знајте дека заслужувате извонреден живот. Заслужувате да сакате и да бидете сакани. Сите ние постоиме со причина. Ако моментално се наоѓате во веќе споменатата мрачна фаза, ви предлагаме неколку клучни точки кои треба да ги имате на ум кон патот на подоброто запознавање на самите себе.

1. Бидете отворени кон новите можности. Патувајте, запознавајте нови луѓе, доживејте нови искуства. Опуштете се и видете до каде ќе ве одведе животот.

2. Гледајте го светот низ розови очила. Сѐ во животот е лекција и треба да учите сѐ додека сте живи.

3. Научете да простувате. Прво научете да си простите себеси, а потоа и на останатите. Сите ние имаме свои маани, бидејќи сме само луѓе и грешиме, но тоа не смее да ве ограничува. Прво научете да си простите себеси, кажете си дека сѐ е супер. Простувањето е првиот чекор кон љубовта и прифаќањето на самите себе.

4. Ганди еднаш рекол: „Бидете промената што сакате да ја видите во светот.“ Многумина велат дека надворешниот свет е само огледало на внатрешниот, па затоа ако сакате да го промените светот, прво започнете од себе. Најважно е да се сакате самите себе, тогаш ќе можете да започнете да ги контролирате вашите мисли, емоции, чувства, зборови и дела. Само имајте на ум дека вашите мисли, емоции, чувства, зборови и дела мора да бидат во согласност со вашите желби.

2-10-soveti-kako-podobro-da-se-zapoznaete-samite-sebe-www.kafepauza.mk_

5. Бидете позитивни! Ако сте негативни, автоматски повикувате негативна енергија и така само ќе привлечете болни и неудобни ситуации во вашиот живот. Исто така, кога сте позитивни повикувате позитивна енергија и привлекувате прекрасни ситуации во вашиот живот.

6. Знајте дека сте доволно добри. Кога ќе го изгубите поимот за самите себе, започнувате да верувате дека не сте доволно добри и дека ви е потребен некој или нешто за да ви помогне. Овој начин на размислување е сосема погрешен. Не заборавајте дека сте совршени токму такви какви што сте.

7. Правете го она што го сакате. Пронајдете ја вашата страст и следете ја. Ако откриете дека одредени аспекти од животот не ви одговараат, променете ги. Само следете ги вашите страсти и сè останато ќе се дојде на своето место.

3-10-soveti-kako-podobro-da-se-zapoznaete-samite-sebe-www.kafepauza.mk_

8. Неколку минути од денот посветете ги само за себе. Искористете ги како што ќе посакате. Уживајте во вашето друштво.

9, Учете од искуствата. Никогаш немојте да ги повторувате истите грешки повеќепати. Секое искуство ве прави попаметни.

10. Уживајте во животот и сите ситници кои ве веселат.

Направете го и овој психолошки тест: Колку навистина се познавате?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар